fbpx

Централен регистар: Основани 2.637, а избришани 6.803 компании

-

Успешно заврши процесот на обработка и одобрување на годишните сметки за правните субјекти за лани, информираше директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска Јанковска.

„Вкупно се поднесени и обработени 75.658 годишни сметки. Лани беше плодна во однос на регистрација на нови субјекти и тоа вкупно се основани 7.378 субјекти. Од почетокот на годината се основани 2.637 субјекти. Ова е уште еден показател за позитивните трендови во нашето стопанство, и знак за враќање на оптимизмот кај стопанствениците но, и новите претприемачи кои гледаат своја шанса во приватниот сектор“, рече Бошковска Јанковска.

Заклучно со февруари годинава од Централниот регистар се избришани вкупно 3.603 фирми по основ на недоставена годишна сметка, невпишан влог и неупис на поштенско сандаче, како и уште 3.200 субјекти поради ликвидација и стечај.

Таа најави дека до крајот на оваа година треба да биде ставен во функција т.н. Регистар на вистински сопственици кој подразбира обврска за секој потенцијален субјект да пополни соодветен формулар во кој ќе наведе каде и во колку компании има сопственост, кои се тие, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде има акции и каде е евентуално претседател на управен одбор.

„Постојните субјекти ќе имаат рок од три месеци да се пријават, а при иницијална регистрација ќе треба да се пополни и пријава за регистарот на вистински сопственици. Законска обврска има секој да се изјасни каде има удел и сопственост. Кога ќе се погледне во регистарот точно ќе се знае каде некој има сопственост, удел, колкав е тој удел“, објасни Бошковска Јанковска.

Според директорката, Регистарот на вистински сопственици од една страна ќе придонесе за сигурноста во правниот промет во земјата, при што ќе се обезбеди информација за вистинските (крајни) сопственици, физички лица во домашните субјекти. Од друга страна имплементацијата на Регистарот ќе преставува целосно усогласување со Директивата на ЕУ за спречување на перење пари (АМЛД).

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Атлантик: Со среќа во борбата против дезинформации

Угледниот американски магазин Атлантик објави опширен напис, во авторство на Квинта Џуресик, со наслов „Со среќа во борбата против дезинформациите“. Сторијата се однесува на Ник Сојер, доктор во Калифорнија....