fbpx

Цената на горивата останува непроменета

-

Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажните цени на бензините и дизелот да останат непроменети.

Малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ изнесува 69,50 денари за литар, малопродажната цена на „еуросупер БС-98“ изнесува 71,50 денари за литар, додека малопродажната цена на дизелот 61,50 денари за литар.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,72 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 0,51 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 0,71 отсто и кај мазутот намалувањево просек за околу 0,63 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,03 денари за долар и е за 0,55 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...