fbpx

Цело полугодие нема СМС-пораки со оценките на учениците

-

Во текот на првото полугодие, родителите воопшто не добиваат смс-известувања за поведението, за успехот и за бројот на изостаноци на нивните деца. Во меѓувреме наставниците продолжуваат да пополнуваат податоци освен во пишаниот и во електронскот дневник, бидејќи тоа е законска обврска која продолжи и со новиот Закон за основно образование.

– Точно е дека родителите не се известуваат за успехот на нивните деца како што тоа беше практика во минатото. Но, наскоро и тоа ќе профункционира, во моментов се работи на тоа, во процедура е. Се очекува за две-три недели да се реши проблемот, па од второ полугодие натаму, родителите редовно ќе бидат информирани – велат во Министерството за образование и наука (МОН).

Оттаму потсетуваат дека секој родител може да ги види оценките и поведението ако има креирано корисничко име на ednevnik.edu.mk.

Пред точно една година наставниците не можеа воопшто да внесуваат податоци ниту оценки во електронскиот дневник бидејќи страницата не беше во функција. Во Министерството тогаш објаснуваа дека имало технички проблеми.

Многу често се случуваше да не може да се работи дневникот заради преоптовареност, особено на крајот на прво полугодие односно на крајот на учебната година, кога наеднаш околу 20.000 наставници внесуваат оценки.

Електронскиот дневник беше воведен во февруари 2011 година. Сите наставници во државата имаат законска обврска редовно да го пополнуваат, исто како што го пополнуваат и пишаниот дневник. Овој проект имаше за цел да ја подобри комуникацијата меѓу наставниците и родителите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...