Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево

Цел рид од карпи се сруши на патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево во близина на село Истибања, кај местото „Саваро“ со што целосно е прекинат сообраќајот на тој патен правец.

Според информациите од вработени во „Македонија пат“ теренот е незбезбеден, камења се рушат на секои пет минути и затоа возилата се пренасочуваат преку алтернативни сообраќајници.

-Свлечиштето започнало да се руши околу 11 часот. Во тоа време имало само една цистерна која поминувала по патот, но кога видела дека паѓаат огромни камења возачот го запрел возилото. За среќа нема повредени. Од безбедносни причини патот е затворен за сообраќај – информираат од „Македонија пат“- Кочани.

На терен се наоѓа и државниот инспектор за сообраќај и патишта кој врши увид на местото на настанот и со дополнителни информации ќе излезе во текот на денот.

Од она што исто так го соопштија од „Македонија пат“ и во наредните два-три дена патниот правец Кочани-Македонска Каменица-Делчево ќе биде затворен за сообраќај, бидејки ќе биде потребно минирање на останатиот дел од свлечиштето, а дополнително ќе следи и расчистување на теренот.