Цветанка Невчева ја доби наградата ,,Бели мугриˮ која ја доделува ЈУ Дом на култура ,,Кочо Рацинˮ

Цветанка Невчева, фото: ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“

Цветанка Невчева ја доби наградата „Бели мугри“ за поетска книга на млад автор до 35 години, која ја доделува ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ и истата е дел од Едицијата: „Бели мугри“ 2024.

Корица-Исихија- збирка поезија од Цветанка Невчева

Стихозбирката „Исихија“ ќе биде промовирана на 4 декември (среда) 2024 година во 19 часот во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје каде ќе се одржи Книжевната манифестација „Денови“, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин.

Пред 85 години од печат излезе стихозбирката „Бели мугри“ од Кочо Рацин.

Настан во КО-РА

По тој повод Филип Димкоски состави рецитал од неколку песни од стихозбирката „Бели мугри“. Рециталот ќе биде изведен во рамките на манифестацијата „Денови“ од страна на актерите: Марина Поп Панкова и Христијан Поп Симонов.

Свој музички настап ќе има и гудачкиот квартет – Пламенка Tрајковска. Пораката што сака да ја пренесе стихозбирката „Исихија“ до читателите гласи: Слушни ја тишината во тебе, за да се осознаеш самиот себе. Тишината си ти.