ЦУК: Слободно пешачете на Водно, забрана за движење нема

-

Низ парк шумата Водно или низ националните паркови Шар Планина, Маврово, Галичица и Пелистер, може да се движите слободно, без никакви ограничувања, информира Центарот за управување со кризи. Оттаму додаваат дека доколку граѓаните планираат да се движат низ останатите планински делови од државата, може да побараат писмено одобрение за движење во некоја од локалните подружници на ЈП Национални шуми.

„Центарот за управување со кризи работи на надминување на нејаснотиите кои настанаа со објавата на интернет страната на град Скопје на 23.06.2022 година со која градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во парк-шумата ‘Водно’ и во паркот на природата ‘Гази Баба’“, соопштуваат оттаму.

Во ЦУК тврдат дека во овој момент не постои активна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и движењето низ нив е слободно и без ограничувања.

Неодамна, во ЦУК исто така предупредија дека следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена.

„Во скопската котлина следува период на многу топло време со високи минимални и дневни температури. До понеделник ќе има услови во попладневните и вечерните часови во делови од скопската котлина да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, предупредуваат оттаму.

Путин не е цар на православието и не придонел за постоењето на Македонија

Објава на Фејсбук му го честита 72-от роденден на рускиот претседател Путин, тврдејќи дека без него дури не би постоела Македонија, па дури ни православието, чиј лидер или цар...