fbpx

Цуфи Кока и двајца демонстранти одат во осумдневен притвор

-

Цуфи Кока, кој завчера за време на протестите пукаше во воздух кај споменикот на Скендербег, потоа еден од демонстрантите што фрли молотов коктел кон Собранието, како и друг демонстрант што фрлал камења кон парламентот, добија 8-дневен притвор од Основен кривичен суд Скопје.

Цуфи Кока се товари за кривичното дело предизвикување општа опасност. Пред судија на претходна постапка тој и останатите двајца демонстранти се произнеле во присуство на бранител.

„Судот смета дека се исполнети условите од член 470 ст.1 т.1 и 2 односно постои опасност од бегство и можност осомничените да го повторат кривичното дело. Против овие неправосилни решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет на овој суд“, соопшти Основен кривичен суд Скопје.

Покрај Кока, во осумдневен притвор одат и 18-годишен демонстрант кој фрлил молотов коктел врз Собранието на 5 јули и 22-годишен демонстрант кој завчера со камења и запалки фрлал кон законодавниот дом и полицискиот кордон, при што повредил полицаец.

Четириесет годишниот Кока се товари за кривично дело „Предизвикување општа опасност“.

„Осомничениот, на 6 јули, на платото пред плоштадот „Скендер Бег“, со општо опасно средство – пиштол марка Волтер модел Р 99 со калибар 9х19 мм, кој го поседувал со дозвола, предизвикал значителна опасност за животот или телото на луѓето. За време на движењето на група граѓани кои учествувале на јавен собир, тој забележал како дел од граѓаните фрлаат камења, по што се упатил кон нив и во два наврати испукал по два куршума во воздух“, соопшти вчера Обвинителството.

МВР идентификува и уапси 18 годишник кој фрли молотов коктел кон Собранието

Инцидент помеѓу Македонци и Албанци во Скопје, повеќе истрели од огнено оружје

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...