Црвениот крст изврши исплата на средства на семејствата на настраданите во несреќата во Кочани

Во континуитет Црвениот крст продолжува со испораката на психосоцијална поддршка на настраданото население преку ангажирани над 100 психолози во соработка со Комората на психолози на Македонија

-

Заклучно со денешниот ден Црвениот крст има собрано 102.410.247,00 денари од донации за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Денес се изврши целосна исплата на средства на семејствата на сите починатите и повредените лица кои се лекуваат во странство од трагичната несреќа во Кочани, информираа од Црвениот Крст.

Во тек е собирање на сите податоци за повредените лица хоспитализирани во болниците во државата во соработка со Службата за општи и заеднички работи на Владата.

Во континуитет Црвениот крст продолжува со испораката на психосоцијална поддршка на настраданото население преку ангажирани над 100 психолози во соработка со Комората на психолози на Македонија. Во соработка со училиштата се организира секојдневна поддршка за наставници и ученици за справување со настанатата ситуација, како и припадници на противпожарната бригада и припадници на Министерството за внатрешни работи. На барање на универзитетите Црвениот крст организира обуки за прва помош и психолошка прва помош за студентите.

Во соработка со Министерството за образование и наука и Комората на психолози на Македонија, Црвениот крст во наредниот период ќе имплементира активности за едукација на учениците, наставниот и стручниот кадар за справување со стресни состојби, навремено идентификување и намалување на ранливоста предизвикана од кризни и итни состојби како и ублажување и отстранување на последици кон менталното здравје при кризни и итни состојби.

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...