Црвен крст: Досега се собрани над 51 милион денари за настраданите во пожарот во Кочани

Граѓаните и понатаму можат да донираат со повик на телефонскиот број 143-400, на сметката на Фондот за солидарност на Црвениот крст или онлајн

фото: Црвен Крст на Република Северна Македонија

Црвениот крст на Република Северна Македонија информираше дека досега се обезбедни вкупно 51.822.579 денари, средства наменети за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.

Од таму додаваат дека продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка.

Ги повикуваат граѓаните и понатаму да покажат хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:

  • Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
  • Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија – 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
  • Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
  • За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228