Црвен крст: Досега се собрани 21 милион денари за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани

Од таму додаваат дека продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

фото: Црвен Крст на Република Северна Македонија

Црвениот Крст на Република Северна Македонија информираше дека досега се обезбедни вкупно 20.932.654 денари, средства наменети исклучиво за поддршка на настраданите во пожарот во Кочани.

„Црвениот крст упатува голема благодарност на сите кои досега донираа и се дел од оваа хуманитарна операција за поддршка на настраданото население“, велат од Црвениот крст.

Од таму додаваат дека продолжуваат со сите механизми за хуманитарна помош за настраданите граѓани и нивните семејства со нудење на прва психолошка поддршка, прва помош, транспорт и материјална поддршка преку ангажирани 120 лица од редот на вработените и волонтерите.

Ги повикуваат граѓаните и понатаму да покажат хуманост и солидарност за обезбедување помош за настраданите семејства преку:

  • Сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст на РСМ: 300000001327966, даночен број: 4030984271620 АД Комерцијална банка со назнака: помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани.
  • Донации со повик на телефонските броеви на Македонски телеком и А1 Македонија – 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
  • Онлајн донации на: https://solidarnost.ckrm.org.mk/online-donacija/
  • За донации на средства во странска валута:

NAME OF THE ORGANIZATION: RED CROSS OF NORTH MACEDONIA

BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE

BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, NORTH MACEDONIA

BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11

SWIFT CODE: KOBSMK2X

IBAN CODE: MK07300701000001228