Црногорец уби 12 лица во Цетиње, меѓу нив и две малолетни братчиња, тридневна жалост во Црна Гора

Сите полициски единици, заедно со припадници на специјалната единица на полицијата, со часови трагале по осомничениот Мартиновиќ, кој умрел неколку минути пред полноќ откако сам си пресудил со куршум во глава, кога видел дека полицијата го опколила

-

Во масовно убиство што се случи на Цетиње, убиени се 12 лица, меѓу кои и две деца, а за живот се борат уште четири лица во Клиничкиот центар во Подгорица, пренесува Н1. Црногорската Влада прогласи тридневна жалост денеска, утре и задутре.

Обвинителката Андријана Настиќ потврдила дека во Цетиње се убиени 12 лица, а дека осомничениот Ацо Мартиновиќ извршил самоубиство. Извршен е увид на шест локации, на пет од нив убиецот убивал. На две локации убил по четири лица, на една убил две деца и на останатите убил по едно лице. Повредени се четири лица кои се хоспитализирани.

Во злосторството се убиени седум мажи, три жени и две деца. Сите полициски единици како и припадниците на специјалната единица на полицијата, со часови трагаа по осомничениот Мартиновиќ кој умрел неколку минути пред полноќ откако сам си пукал во глава откако го опколила полицијата близу една семејна куќа во населбата Хумци. Убиецот умрел на пат кон Клиника.

Мартиновиќ злочинот го започнал во кафеана „Велестово“, близу влезот во Цетиње, каде што со пиштол усмртил четири лица, а потоа уште на три локации во градот убил уште осуммина, меѓу кои три жени и две момчиња двајца родени браќа на возраст од 10 и 13 години.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...