ЦРМ: Новинарите да не го запоставуваат јавниот интерес во случајот „Пуч“

-

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), преку соопштение ги повикува новинарите, во известувањето за случајот „Пуч“, да не го запостават јавниот интерес и потсетува дека новинарите не се одговорни за начинот на кој нивните извори ги добиле податоците.

Во соопштението од ЦРМ се наведува дека практиката на Европскиот суд за човекови права ги ослободува новинарите од одговорност  за објавување тајни или лични податоци и информации доколку новинарите во добивањето на информациите не прекршиле некој закон или правило.

„Во заедничката изјава на Специјалните известувачи за слободата на изразување на ОН, ОБСЕ, ОАД и Африканската унија од 19 декември 2006 година, се вели дека „новинарите не треба да носат одговорност за објавување тајни или доверливи информации ако самите не прекршиле никакво правило или законска одредба во обезбедувањето на таквите информации“. Директивата за заштита на индивидуата во однос на обработката на лични податоци и слободата на движење на таквите податоци на Европскиот парламент и на Советот на ЕУ (95/46/ЕЦ) ги опфаќа, во дефиницијата за лични податоци, и видео и аудиоснимките собрани со тајно снимање (т.н. „undercover“), но на земјите-членки им наложува, во член 9 од Директивата, во националните законодавства да обезбедат исклучоци или ослободување на новинарите од одредбите на Директивата што се однесуваат на процесирањето лични податоци. Секако, во известувањето во такви случаи, новинарите треба да се придржуваат до правилата на професионалната етика, која бара објективност и почитување на приватноста на други лица, но не по цена на запоставување на јавниот интерес“, стои во соопштението од ЦРМ.

 

Затворен за сообраќај автопатот Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10

Авто-мото сојузот на Македонија известува дека од денеска од 15.50ч во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија- Смоквица и сообраќајот се се пренасочува по алтернативниот патен правец...

[Галерија] Првиот снег во Скопје годинава – за најмладите радост, за властите работа

Утринава главниот град осамна под снежна покривка, откако ноќеска почна да паѓа првиот снег оваа зима. Снежните наноси продолжија да паѓаат и во текот на денот. Додека властите се обидуваа да...

Во „македонското сценарио“ за рушење на Вучиќ улоги добија и Хрватите, Бошњаците и Албанците

Изливот на граѓанското незадоволство против власта во Србија по трагичната несреќа со падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 – при што загинаа 15 лица,...

Дошол да го види шестмесечното бебе па почнал да ја дави сопругата во нејзиниот семеен дом

Основното јавно обвинителство Велес соопшти дека повеле постапка за телесна повреда и побарале притвор за лице од Велес, кој се сомничи дека ја повредил неговата сопруга. Од обвинителството соопштија дека станува збор...

Затворен за сообраќај автопатот Демир Капија – Смоквица од Коридорот 10

Авто-мото сојузот на Македонија известува дека од денеска од 15.50ч во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец А1 Демир Капија- Смоквица и сообраќајот се се пренасочува по алтернативниот...