ЦИВИЛ: Пресудата против Џабир Дерала е удар врз слободата на изразување и медиумските слободи

Од ЦИВИЛ предупредуваат дека пресудата во корист на Мицкоски е опасен преседан што го поткопува демократското општество и праќа заканувачка порака до новинарите и јавните интелектуалци

-

По повеќе од две години судски процес, Апелациониот суд ја потврдил пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во корист на актуелниот премиер Христијан Мицкоски, во случајот за клевета против претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, новинарот и активист за човекови права Џабир Дерала. Пресудата, според реакцијата на ЦИВИЛ, претставува директен атак врз слободата на изразување и медиумските слободи во земјата.

Судскиот процес беше покренат од страна на Мицкоски, во периодот кога тој беше лидер на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а случајот го водеше неговиот тогашен соработник, а сега министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тужбата се однесуваше на текст кој Дерала го презел од друг медиум, што според ЦИВИЛ уште повеќе ја доведува во прашање суштината на самата постапка.

Инаку, станува збор за напис во кој се тврди дека тогашниот лидер на опозицијата а сегашен премиер Христијан Мицкоски купил и реновирал куќа во Козле вредна еден милион евра.

По објавата на текстовите, Мицкоски на социјалните мрежи побара извинување и тоа токму на православниот празник Прочка во 2023 година.

Како што напиша тогаш Мицкоски, семејниот дом на неговиот зет, сестра и внука, „создаден со продаден имот добиен како наследство и подигнат банкарски кредит“ бил претставен како негов скриен имот. Ако не го сторат тоа, најави дека ќе ја бара правдата преку судски процес.

Повеќе од две години подоцна, од ЦИВИЛ велат дека пресудата против Дерала е „јасен показател за тесната спрега меѓу извршната власт и судството, и сериозно го нарушува начелото на медиумска независност и критичка јавност“.

Од ЦИВИЛ сметаат дека случајот претставува предупредување за сите новинари, уредници, активисти и јавни личности кои критички се осврнуваат кон власта, и оти со ваквите процеси се испраќа порака дека секој што не се вклопува во наративот на владејачките структури ќе се соочи со репресија.

„Слободата на изразување не е луксуз, ниту подарок од власта – таа е неприкосновено човеково право“, велат од организацијата, додавајќи дека замолчувањето на новинарите значи замолчување на вистината и дозволување на лагата да преовладува во јавниот дискурс.

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во Скопје, по...

Лефков: Бугарски служби шират дезинформации против Мицкоски и Владата

Пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска обвини за постоење на „координирана операција за дискредитација“ насочена против Владата, премиерот Христијан Мицкоски и Република Македонија, наводно оркестрирана од...

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо...

Институционален молк, политичка калкулација и цената што жените ја плаќаат за учество во јавниот живот

Во  Македонија, од 80 општини, само две ги водат жени: Данела Арсовска во Скопје и Жаклина Јовановска во Старо Нагоричане. Тоа ја прави оваа ситуација уште позначајна. Нападот врз една од...

Агенцијата за национална безбедност изврши претрес и одзеде оружје и мобилни уреди во Скопје

Агенцијата за национална безбедност (АНБ), во координација со Министерството за внатрешни работи (МВР), на 19 јули 2025 година спроведе претрес на домови и други простории на две локации во...