ЦИВИЛ: Да не се злоупотребува оружјето за славеничко пукање

Има многу примери на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прослава, велат во ЦИВИЛ

-

ЦИВИЛ повикува на свесност и совесност кај населението во пресрет на новогодишните празници и потсетува дека петардите и славеничкото пукање се опасни по здравјето и животот.

„Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје. Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца: да се оддалечат од местото на славеничко пукање да не допираат оружје или експлозиви и да пријават незаконска употреба на оружјето. Но, и да им објаснат дека тие правила важат и за возрасните, дури и на најголемите професионалци со дозвола за употреба на оружје и распрскувачки материјали може да им се случи да погрешат“, велат во ЦИВИЛ.

Тие потсетуваат дека има многу примери на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата.

„Во еден прирачник на ЦИВИЛ за едукација на деца и млади за безбедно однесување се вели: „Петардите и распрскувачките материјали, како и оружјето се опасни и често предизвикуваат трагедии дури и во редовите на професионалци на кои во описот на работното место им е ракување со експлозиви и оружје.“ ЦИВИЛ потсетува дека домашните миленици се посебно сензибилни на звуците од распрскувачките материјали и петардите“, велат оттаму.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...