fbpx

Чулев и Спасовски си ја префрлаат одговорноста за пасошите, проблемот останува

-

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, го повика техничкиот премиер Оливер Спасовски да свика влаадина седница за да се реши проблемот со пасошите.

Тој предлага Владата да усвои методологија со која, со печат и со испраќање нота до државите во светот, ќе се пролонгира важењето на пасошите се до моментот на пристигнување на нови патни исправи.

„Јас сум министер еден месец и сите овие ситуации ги наследив како резултат на непланско, несовесно и нестручно работење на Оливер Спасовски за што е извршена интерна истрага и произлезе кривична пријава,“ рече Чулев на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање каде треба да се лоцира одговорноста во однос на проблемот со недостатокот на обрасци за пасоши.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на прес-конференција изјави дека во Владата се размислува во повеќе насоки, а деталите ќе се објават кога ќе биде извесно решението односно кога ќе има одржливо решение.

„Пред една недела беше доставена информација до Владата во однос на состојбата со пасошите. Мислам дека подоброто менаџирање, начинот на функционирање внатре во институцијата, повеќе бавење со суштински работи отколку со неважни прашања, немаше да доведе до една ваква криза. И јас сум имал такви ситуации неколку пати во целиот тој период, но немаше проблем во јавноста во делот на пасошите или во делот на издавање на други лични документи,“ изјави Спасовски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...