Фото: Радио телевизија на Црна Гора

Жителот на Цетиње што вчера попладнето го застрелал и најверојатно го убил масовниот убиец Вук Бориловиќ (34), којшто претходно уби 10 луѓе и рани шестмина,од кој еден е полицаец, е сè уште недостапен за полицијата, соопшти Александар Бошковиќ, начелник на Отсекот за сузбивање на општ криминалитет во Секторот за борба против криминалот.

Најмладите жртви на Бориловиќ се 8-годишно и 11-годишно дете, кои заедно со нивната мајка, живееле како потстанари во куќата на Бориловиќ. Според досегашните официјални сознанија, тој бил со променето однесување во последните денови и вчера, на денот кога го изврши масовното убиство, требало да оди на лекарски преглед што бил закажан преку негови пријатели.

Говорејќи во Дневникот на Радио телевизија Црна Гора, тој кажа и дека сè уште не е утврдено дали масовниот убиец Бориловиќ умрел од куршумите што претходно во него ги испукале полицајците, или пак Н.К., по кого полицијата уште трага.

Крвопролевањето почнало вчера во 15.30 часот во населбата Медовина.

„Се преземаат одредени мерки и дејствија за да се обезбеди [Н.К] и да се обезбеди неговото присуство во целата постапка“, рече Бошковиќ.

Запрашан за мотивите за досега најкрвавото масовно убиство во Црна Гора, Бошковиќ вели дека истрагата е уште во тек.

„Прелиминарно можеме да соопштиме дека ова лице во последните денови покажувало одредени промени во однесувањето и во таа смисла, со помош на пријатели за вчера бил закажан лекарски преглед“, објасни началникот Бошковиќ,објаснувајќи дека, за жал, прегледот не се случил“.

Бошковиќ објасни дека по размена на оган со полицацајците, кој убиецот Бориловиќ поголем број куршуми испукал Н.К.

„Но засега не можеме да изнесуваме детали дали смрта настапила како последица од ранувањето од страна на полицијата или од овој граѓанин“, рече Бошковиќ

Тој потсети дека полицијата во 15.30 добила информации за пукање во населбата Медовина, по што излегла на терен и првин почнала да пружа помош на ранетите, по што Бориловиќ почнал да пука и врз нив.

„По тоа биле исполнети сите законски услови и полицијата возвратила на огнот и испукала 20 проектили. Во таа размена на огнот, еден полицаец е повреден“, објасни Бориловиќ.

Како што вчеравечер соопшти директорот на Управата за полиција, Зоран Брѓанин, околу 15.30 часот вчера 34-годишниот Вук Бориловиќ.од Цетиње, пукал првин на неговите потстанари, при што ги убил двете деца, едното на возраст од осум, другото на возраст од 11 години, а ја ранил нивната мајка, која подоцна во медицинска установа им подлегнала на повредите. Потоа излегол од улица и од истото оружје пукал на жители на Медовина, при што убил уште седум лица, а ранил шест, извести Брѓанин, пренесува РТЦГ. Потоа почнал да пука по полицијата, која возвратила со оган. Во тие мигови кон Вук Бориловиќ од друга страна пукал и Н.К.

Владата на Црна Гора вчера по грозоморното крвопролевање, прогласи тродневна жалост.

Напишете коментар