fbpx

Човечиња, Индијанци, Шиптари, Цигани, жути, магариња… Политичари или кочијаши?

-

Човечиња, Цигани, ватерполисти, Шиптари, Индијанци, жути, фараони, Египќани… Изразите што ги употребуваат политичарите во аудиоснимките што ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се јасен приказ на оние кои ги користат и оддаваат впечаток за лица полни со предрасуди и со нетолеранција кон различниот, велат познавачите.

Никола Груевски: жути, шушљупаковци; Али баба; А е муслиман или е католик?

Гордана Јанкулоска: човечиња; будалетинки; Циганиве; луда банда (лустрација); магариња; ватерполисти; Шиптари; лигњава; педерски; идиотизам; будало жениште;  Да се фатат Албанците за врат, никој да не излезе; Ако е за Ромите, за уши ќе ги носиме, не смее да писне; За Артан Груби: која гадура од човек е; сигурно има некој органи од овца тој внатре, може од тоа му е убаво пази, гадура еј; за Владимир Пешевски: хипо, ѓубре дебело, идиот невиден, многу, многу злобно човечиште;

Зоран Ставрески: глупак; ѓубре; копиле; за Владимир Пешевски: хипо; сељак;  свиња дебела, куп месолош, злобен и невоспитан;

Трајко Вељановски: Индијанци, македонски Индијанци;

Илија Димовски: Шиптари;

Мартин Протоѓер: Човечево, Цигани, Египќани, фараони, луди, сакати, багабонти; шупак; за Артан Груби: гад;

Кирил Божиновски: Циганиве;

Симона Груевска-Маџоска, универзитетска професорка од Институтот за македонски јазик, вели дека овие изрази се недолични за јавните фукнции на личностите што ги употребуваат и оддаваат впечаток дека се работи за лица полни со предрасуди и со нетолеранција кон различниот.

– Од аудиоснимките што ги објавува опозицијата може да се слушне јазик прилично недоличен за јавните функции коишто ги вршат тие личности, чиишто гласови ги слушаме. Иако се работи за неофицијална комуникација за која е карактеристичен послободен јазичен израз, сепак, поради одговорноста на функциите, овие личности би требало да држат повисоко ниво на сопственото изразување. Ми се чини дека целата јавност во Република Македонија е згрозена од ниското ниво на јазичниот израз на прислушуваните. Тие употребуваат редица зборови и изрази со пежоративно значење, при што оддаваат впечаток дека се работи за лица полни со предрасуди и со нетолеранција кон другиот, кон различниот. Во светот, како и во најблиската околина, носителите на јавни функции поднесуваат оставки за многу помали нешта од овие што имавме можност да ги слушнеме – вели професорката Груевска-Маџоска.

Дека се работи за личности што имаат предрасуди кон различниот се согласува и Петрит Сарачини, новинар и претставник на движењето за младински активизам „Безомразно“, според кој, говорот употребен во снимките е јасен приказ за стигматизирачката култура на политичарите што се на власт.

– Тоа што го слушаме во снимките кои ги објавува лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е јасен приказ на културата на политичарите што владеат со оваа земја. Тоа е културата на говор на омраза, кој гледа непријател во секој што мисли поинаку од оние што владеат. Ова е култура на стигматизирање и на дехуманизирање на секој кој е различен. Јавните личности, особено политичарите, треба да се дистанцираат од таков говор и треба да служат како пример дека сите граѓани се еднакви според правата и обврските. За жал, долги години кај нас политичарите го негуваат говорот на омраза – вели Сарачини.

Минатата година сопственикот на кошаркарскиот клуб „Лос Анџелес клиперс“ од НБА-лигата, Доналд Стерлинг, во аудиоснимка од телефонски разговор со својата девојка, ѝ вели да не ја покажува јавно нејзината поврзаност со Афроамериканци или да не носи такви луѓе на натпреварите, објави „Ројтерс“.

НБА доживотно го суспендира Стерлинг и го казни со 2,5 милиони долари за расистичките коментари кои предизвикаа лавина реакции од играчите, обожавателите, спонзорите, па дури и од претседателот на САД, Барак Обама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...