Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на стабилноста, модернизацијата, и на финансиската интеграција во ЕУ

-

По повод Меѓународниот ден на жената, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуто за Агенцијата „Марили“ се осврна на повеќе актуелни теми во однос на макроекономската состојба, но и на женското лидерство во времиња кога нашата држава се соочува со значителни предизвици.

Оваа посветеност на тимот на Народната банка е позитивно оценета од страна на релевантни меѓунарoдни институции, а последна во низата е вчерашната одлука на Европскиот совет за плаќања, којшто позитивно го оцени поднесеното барање и извести дека нашата држава стана 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА)

„Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат дека посветеноста, упорноста и трудот се вреднуваат во општеството. Според одредени научни истражувања, жените на лидерските позиции во централните банки претставуваат значаен столб во справувањето со бројните предизвици“, посочи гувернерката Ангеловска-Бежоска.

„Пристапот кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) е историски исчекор којшто им овозможува на нашите банки, и покрај тоа што не сме членки на  ЕУ, да пристапат на европските платежни системи. Се очекува дека овој процес ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, коишто сигурно ќе бидат највидливи во однос на заштедата на средства и време при вршењето плаќања кон земјите од Европската Унија. Ако се земе предвид дека во моментов, трошоците за плаќањата од ЕУ кон земјите од Западен Балкан се повисоки за 12 пати во однос на трошоците за плаќање помеѓу земјите од ЕУ, СЕПА би требало да доведе до поефикасни, исплатливи и побрзи прекугранични плаќања“, истакна Ангеловска-Бежоска посочувајќи дека за граѓаните, членството во СЕПА е особено значајно во делот на намалувањето на трошоците за дознаките од странство.“, изјави Ангеловска-Бежоска.

Според процените на Светската банка, трошоците за дознаките би се намалиле за околу 3 отсто, што ќе доведе до заштеда од половина милијарда евра на ниво на регионот на Западен Балкан. Инаку, трошоците за дознаки во моментов се проценуваат на околу 6,71 отсто од вкупната трансакција.

„Членството во СЕПА би придонесло за побрза дигитална трансформација на нашиот финансиски сектор. Со намалувањето на зависноста од готовинските трансакции и застапувањето на дигиталните начини на плаќање, ќе се поддржи развојот на помодерен, побезбеден, флексибилен и инклузивен финансиски екосистем“, истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се веќе навикнати...

(Галерија) На Школка се одржа настанот „Гуш и бац е љубов“, децата учеа и се поврзуваа без предрасуди

„Гуш и бац е љубов“, е настан кој по шести пат вчера се одржа на Школка во Градски парк. како што велат организаторите, здружението „Аутизам ААМК“, настанот бил прослава на детската...

Изгубениот контекст на изјавите на Тони Блер

Британските, но и дел од македонските медиуми во сензационалистички манир ги претставија ставовите на некогашниот премиер на Обединетото кралство, Тони Блер, како дефинитивен пораз на поборниците за климатски промени. Но, голем дел...

ДИЦ: Освен во училишта, матурата годинава ќе се полага и на пет универзитети

Годинaшната државна матура ќе се спроведува не само во средните училишта, туку и во простории на пет државни универзитети низ земјата. Како што потврдуваат од Државниот испитен центар (ДИЦ) за Мета.мк,...

Наставници од земјава ќе учат како да применуваат нови методи во наставата

Институтот за применети истражувања и бизнис од Скопје, ќе обучува тренери кои потоа ќе ги учат нашите наставници како да им предаваат на учениците од новите генерации, кои се...