fbpx

Членките на ЕУ денеска потпишуваат одбранбен пакт

-

Франција, Германија и 20 други членки на Европската Унија денеска во Брисел ќе потпишат одбранбен пакт, а кој се надеваат дека ќе сигнализира почеток на нова ера на воена интеграција на Европа.

Државите членки на ЕУ се надеваат дека одбранбениот пакт ќе ја намали зависноста на Европа од САД и ќе и даде покохерентна улога на Унијата во соочувањето со меѓународните криза.

Ова е прв обид да се направи одбранбен пакт на ЕУ уште од педесеттите години на минатиот век, а договорот ќе го потпишат министрите за надворешни работи и министрите за одбрана на ЕУ.

Велика Британија се противеше на ваквата идеја и долго време ја блокираше, но Франција и Германија ја заживеаја идејата откако официјален Лондон одлучи да ја напушти Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...