fbpx

Четворица полицајци се осомничени дека со умисла го овозможиле бегството на затвореникот

-

Единицата за корупција во секторот за криминалистички истраги при одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против четворица затворски полицајци, командир и надзорници, вработени во КПУ Идризово и тоа: С.Д. (50), Т.А. (34) И.А. (49) и Т.П. (47) за сторено кривично дело „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“. Тие завчера, спротивно на законот, го ослободиле лицето Б.М., осудено за кривично дело по член 123 – убиство, кое им било доверено на чување и му помогнале да побегне.

„Завчера околу 22.50 часот осудениот Б.М., планирано и во договор со затворските полицајци и лица од надвор, се повредил така што си нанел расокотина на левата дланка, по што бил однесен во домската амбуланта, од каде било дадено препорака Б.М. да се пренесе во Клинички центар „Мајка Тереза“ – Ургентен центар со цел санирање на повредата. За настанот бил запознат дежурниот командир на смена, првопријавениот С.Д., кој наредил да се изготви наредба за спровод од КПУ Идризово до Клинички центар „Мајка Тереза“ за осуденото лице од страна на затворските полицајци Т.А., И.А., Т.П. и И.Х.“, информира Тони Ангеловски, портпарол во МВР.

Тој појасни дека кривичното дело е извршено на начин што осомничените свесно и со намера да му овозможат бегство на осуденото лице кое го спроведувале, го седнале во средниот ред на службеното возило, а не според стандардните оперативни процедури за спровод на осудени лица во посебниот дел од возилото наменет за тоа.

„Потоа, еден од затворските полицајци воопшто не носел службено оружје иако морал да носи, а иако на осуденикот му било ограничено движењето на рацете со средства за врзување, сепак му било овозможено да пристапи до службениот пиштол на еден од затворските полицајци, со кој испукал еден куршум. Иако намерата за пукањето со пиштолот во кровот на возилото била да го оправда овозможувањето на бегството од страна на затворските полицајци, зрното од куршумот се одбило од кровот и случајно го погодило затворскиот полицаец И.Х. во долниот дел од стомакот“, информира Ангеловски.

Наведените противзаконски дејствија, додава тој, биле извршени откако службеното затворско возило било пресретнато и му било попречено движењето од страна на друго возило марка „ауди“ и притоа овластените службени лица за спровод не преземале никакви дејствија во однос на присилното нивно запирање, а осуденото лице по настанот влегло во возилото „ауди“ и заминало од лице местото.

Управата за извршување санкции издаде наредба за распишување на централна потерница за затвореникот Б.М. (36), кој вчера при спроведување во болница поради повреда, пукал во затворски полицаец и избегал.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...