fbpx

Четири нови заболени текстилни работнички во Штип, вкупната бројка се зголеми на 10

-

По четирите денешни нови случаи на заболени работнички од Ковид-19 од текстилна фабрика во Штип, бројот на заболените во овој капацитет се зголеми на 10. Четири од заболените работнички се со потешка клиничка слика и се на болничко лекување во Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, a во изолација се 42 лица.

Во Центарот за јавно здравје во Штип се вршат нови тестирања, но уште побитно за епидемиолозите е изолирањето на работниците од неколку конфекции, кои патувале во ист автобус заедно со заболените. Дел од овие работници се ангажирани во една од поглемите конфекции во Штип, што посебно го вклучува алармот на претпазливот.

Како што ни потврдија од Центарот, до нив е доставен список со работници, кои патувале во истиот автобус. Се контактираат еден по еден и од епидемилошката анкета ќе зависи натамошната постапка.

Треба да се делува брзо, велат од Центарот, бидејќи колку побрзо се идентификуваат луѓето што биле во контакт, толку побрзо ќе може да се спречи поголемо ширење на болеста во конфекциите, кои цело време работат. Во исто време, сопствениците на конфекциите од вчера наложиле нови правила на однесување. Во поголемиот дел од конфекциите се инсистира на правилата на социјална дистанца, не е дозволено групирањето за време на пауза, што од епидемиолозите беше посочено како критично, се дезинфицира и инсистира на работа со маски.

Вчера и денеска Општината Штип ги дезинфицира влезовите на конфекциите, фабричките автобуси и угостителските објекти, додека волонтерите делеа заштитни маски.   

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...