fbpx

Четири нови случаи на заразени лица со делта сојот на корона вирусот во земјава

-

Четири нови случаи на заразени лица со делта сојот на корона вирусот се регистрирани во земјава. Со ова, бројот на заболени лица со ковид-19 од индискиот сој се искачи на осум лица. Вчерашните четири сомнителни случаи на лица кои се лечат во Скопје се потврди дека го имаат делта сојот.

„Вчера разговаравме, немале премногу контакти, тоа се членови на семејства, два пара на семејства и нема епидемиолошки ризик“, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче потврди дека лицата заразени со индискиот сој патувале во странство. Тој додаде дека двата случаја на делта сојот од болницата Жан Митрев се потврдени, но за нив не се знаат епидемиолошките податоци.

Министерот за здравство додаде дека до крајот на неделава со членовите од Комисијата за заразни болести ќе се дискутира дали сегашната состојба бара воведување на нови рестриктивни мерки, но притоа доколку стане збор за воведување мерки, тоа би било евентуално на граничните премини при влез на граѓани во земјава.

Филипче рече дека ќе се разговара во рамките на Комисијата за тоа дека многу граѓани патуваат, но и додаде дека во изминатиов период во целиот регион брановите беа исти, а сите земји имаа различни мерки за заштита од ковид-19.

Освен евентуални мерки околу граничните премини, не се предвидени други рестриктивни мерки, појасни Филипче.

Притоа, тој денеска уште еднаш упати апел до сите граѓани да се вакцинираат. Филипче рече дека до крајот на неделава ќе заврши вакцинирањето на сите преостанати 60.000 граѓани што се пријавиле на vakcinacija.mk, заедно со луѓето вакцинирани во Србија. Бројката на вакцинирани ќе биде околу 500.000 лица.

Филипче рече дека ситуацијата во Англија со новиот бран од индискиот сој покажала дека е битно што е можно повеќе граѓани да бидат вакцинирани, но и додаде дека во иднина можни се нови бранови, но тоа не значи дека ќе треба сите да живееме затворени. Од друга страна, додаде Филипче, вакцинираните лица и во случај да се заразат, би имале лесна форма на настинка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...