fbpx

Четири месеци по несреќата кај Ласкарци, од Обвинителството сè уште нема обвинение

-

По Четири месеци по трагичната несреќа на автобусот на “Дурмо турс“ кај село Ласкарци, при што починаа 16 лица, Основното јавно обвинителство сè уште нема покренато обвинителен акт, иако причините за несреќата се веќе познати , пишува „Порталб.мк“.

“Нема ништо ново. Се уште се работи на случајот”, изјавија од ОЈО.

На прашањето кога се очекува Обвинителството да поднесе обвинение, од ОЈО велат дека во моментот кога ќе има нешто ново, ќе ја известат јавноста.

Од друга страна, веќе еден месец осомничените за несреќата се излезени од притвор. Шест лица се во домашен притвор, додека за еден е определена мерката за претпазливост.

Инаку, истрагата на ОЈО покажа дека причина за несреќата била дефект на сопирачките и големата брзина од 99 км/ч. Шест лица се товарат за кривичното дело “тешки кривични дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот”, а седмото лице беше обвинето за “несовесно вршење на должноста”, откако издал дозвола дека тахометарот (инструмент за мерење брзината на автобусот) бил во ред, без претходно да го провери.

Несреќата кај Ласкарци се случи откако автобус на компанијата “Дурмо турс“ кој превезувал патници од Скопје за Гостивар, излета од патот што поминува низ скопско Ласкарцi.Како резултат на превртувањето, на местото на настанот починале 15 лица, додека 38 други беа повредени. Еден месец подоцна беше регистрирана и 16. жртва.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...