fbpx

Честитки по повод Денот на албанската азбука од Пендаровски, Џафери и Мицкоски

-

Денеска се одбележува Денот на албанската азбука. По тој повод, честитка до припадниците на албанската етничка заедница во РСМ упатија претседателот Стево Пендаровски, претстедателот на Собранието Талат Џафери, како и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

„Чествувајќи го овој празник ја потврдуваме посветеноста на Република Северна Македонија кон негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. Соживотот е плод на довербата која, пак, фаќа корен тогаш кога луѓето го почитуваат и поддржуваат идентитетот на другиот. Ваквата доверба е неопходна за поуспешно да се справуваме со нашите заеднички предизвици и да градиме праведно општество со еднакви можности за сите македонски граѓани“, истакна Пендаровски.

Според Мицкоски, Македонија е земја за пример во која се уважуваат и почитуваат јазичните и културните особености на сите нејзини граѓани.

„Оттука јазичното и културно богатство на Албанците во Македонија е нераскинлив дел од македонскиот мозаик, кој е пример за заедништво, взаемна почит и разбирање граден низ вековите. Албанците во Македонија знаат дека Македонците и сите останати кои живеат во државата се нивните најблиски со кои можеле и можат да ги споделат сите предизвици и тешкотии. Заедно ја делиме судбината и заедно мораме да ја градиме иднината“, наведено е во честитката од Мицкоски.

Џафери, пак, упати искрени желби за успеси и напредок на Албанците, каде и да се.

„Битолскиот конгрес, пред точно 114 години, беше собирот кој го донесе најценетиот продукт за еден народ, унифицираната азбука со која пишуваме, читаме и го шириме нашиот јазик, култура, обичаи, посебности и фолклорни традиции и уште поважно, азбуката со која се роди и го започна својот пат националната борба за културно
осамостојување на светско ниво и силна поддршка на националниот идентитет и
политичкото осамостојување на албанскиот народ“, наведено е во честитката од претседателот Џафери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е...