Chess Ultra квалитетната игра за дигитален Шах е бесплатна за преземање на Epic Games до 30 март

Chess Ultra -скриншот од YouTube
Chess Ultra -скриншот од YouTube

Chess Ultra квалитетната игра за дигитален Шах е бесплатна за преземање на Epic Games до 30 март. Станува збор за квалитетно сработена игра за која не се потребни многу дополнителни објаснувања дека е една од најпознатите ширум светот.

Играта има впечатлива графика и поддржува 4К и може да се игра и во VR. Во самата игра можете да ги менувате средините во кои се игра и кои се мајсторски-графички сработени, а исто така можете да купите и разни скинови за фигурите со микротрансакции.

Тоа што Chess Ultra е моментално бесплатна за преземање е супер момент затоа што можете да ја играте и со други пријатели кои ќе ја земат играва на промоција. Исто така има и поддршка за Twitch и за „стримање“. 

Во самата Chess Ultra има многу опции за вежбање припремени лекции, на пример има посебна опција да учите брзи матови во мал број потези. Дури има вежби и како во готови ситуации пред крај на партија да се снајдете и да го матирате компјутерот.