fbpx

Чешка и донира милион евра на македонската полиција

-

Министерството за внатрешни работи доби донација во висина од еден милион евра од Чешката Република за зголемување на капацитетите на македонската полиција, односно за набавка на техничка опрема за справување со последиците од мигрантската криза.

Договорот за донација денеска во Скопје го потпишаа министерот Оливер Спасовски и чешкиот амбасадорот во Македонија, Мирослав Томан.

Министерот Спасовски по потпишувањето, рече дека ова е трета донација од чешкото МВР и Владата на Чешката Република од почетокот на мигрантската криза, што вкупно со денешната е во висина од околу три милиони евра.

Тој посочи дека Чешката Република во изминатите години била и е еден од најзначајните поддржувачи на Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ и НАТО.

Чешкиот амбасадор Томан, по потпишувањето изрази уверување дека соработката ќе продолжи, особено во полето на размена на искуства меѓу колегите од двете министерства.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...