fbpx

Черепот најден близу Стража му припаѓа на поранешниот возач на ректорот на ДУТ

-

Черепот што беше пронајден пред еден месец близу превојот Стража му припаѓа на гостиварецот Насер Селмани, кој се водеше како исчезнат пет години. Јавното обвинителство денеска информираше за извршената ДНК-анализа.

– Резултатот со веројатност од 99,9 проценти укажува дека пронајдениот череп му припаѓа на лицето Насер Селмани од Гостивар, возач на ректорот на Државниот универзитет во Тетово – стои во соопштението од обвинителството.

Наведено е, исто така, дека траги на насилство на пронајдените остатоци не биле откриени.

– Како настапила смртта и под кои околности, сè уште се утврдува – соопштија од Јавното обвинителство.

Черепот, без долна вилица, го откри случаен минувач, на 13 април годинава, од десната страна на магистралниот пат Гостивар – Стража, на околу половина километар од превојот. По пријавувањето, јавен обвинител издаде наредба за вештачење за да се утврди возраста, полот, времето на смртта и ДНК-профилот.

Гостиварецот Насер Селмани, поранешен возач на ректорот на тетовскиот универзитет, беше пријавен за исчезнат  во октомври 2011 година. Во поведената потрага, на два километри од Стража, на слепа шумска патека, полицијата го пронајде само службениот „мерцедес“ со кој последен пат бил виден Селмани како го напушта универзитетскиот кампус.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...