Чекајќи ги…. заклучоците

Анализа за „Порталб.мк“ од Малинка Ристевска, Јорданова, Институт за европска политика

-

Во раните утрински часови пред точно 15 години Република Македонија (тогаш со привремената референца) се стекна со кандидатски статус. Деновиве, петнаесет години подоцна се очекуваше отпочнување на преговорите со ЕУ. Меѓутоа, тоа не се случи, дури и по тешките компромиси за да се отстрани грчката блокада, вклучувајќи ја и промената на името на државата.

Автор: Малинка Ристевска Јорданова

Од 2005 година наваму, секои шест месеци, кога вообичаено Советот на ЕУ за општи работи разгледува прашања во врска со проширувањето, кај нас се вжештува атмосферата. Ако кога добивавме кандидатски статус зборувавме за тоа кога ќе станеме членка, набргу тема стана само почетокот на преговорите.

Ќе има ли препорака за преговори? А датум ќе добиеме ли? Не, има препорака за почеток на преговорите… А датум? Кој е крив? Во меѓувреме, застојот во евроинтегративниот процес, во комбинација со домашните фактори, имаше негативни последици за Македонија. Сепак, го свртевме тркалото. Со право се очекуваше – не награда, туку задоцнет почеток на заслуженото – почеток на преговорите. Тие, пак, почнаа да се претставуваат како само по себе решение за сите наши проблеми.

Во меѓувреме самите преговори стана многу поинакви одошто беа во 2005 година. Станаа потешки не само заради објективното подигање и изострување на критериумите за членство, туку затоа што се „збогатија“со многу процедурални меѓучекори, чија ефикасност сѐ уште не може да се докаже – барем според искуството на Црна Гора и Србија.

Не се исполнија очекувањата од јунскиот совет на министри од 2018 година, кога потпишувањето на Преспанскиот договор требаше да донесе барем условен датум за преговори. Новата методологија на преговорите предложена од Франција со главно мото – кредибилет на процесот – ја добивме во комбинација со нерационалните бугарски барања од нивната Рамковна позиција за почетокот на преговорите од октомври 2019 година кои целосно го нарушија кредибилитетот на процесот.

Денес повторно се најдовме во исчекување на заклучоците од Советот за општи работи. Прво ќе ги немаше, заради блокадата од Бугарија, па потоа, упорното германско претседателство се обиде да се спаси што може да се спаси со ревидирани заклучоци, за кои постигнало компромис. Овој клучен збор „компромис“ веќе ја подигна нервозата кај нас.

Сепак, во овој предлог не стануваше збор за „компромис“ меѓу Бугарија и Македонија, туку беше објавено дека меѓу државите членки на ЕУ е постигнат компромис за текстот. Според најновите вести и тој компромис не бил компромис, зашто некои држави членки се противат на формулацијата „Овие два големи чекори треба да стават ефективен крај на какви било тврдења засновани на погрешно толкување на историјата“ (се однесува на Преспанскиот и на Договорот со Бугарија) – и со право.

Проблематично е и потсетувањето „на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување во добра намера на билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како дел од процесот на проширување“. Иако, за волја на вистината, се работи за формулации преземени од поранешни заклучоци (од јуни 2018 година и март 2020 година), па разместени во општиот односно посебниот дел на текстот – контекстот е поинаков, а очигледно не треба да се сомневаме дека Бугарија ќе си ги чита по свое наоѓање. И – да, Советот на ЕУ од Преспанскиот договор наваму го употребува само долгото име за нашата држава (Република Северна Македонија), за разлика од Европската комисија, која го користи кусото име – Северна Македонија. Практиката на Советот е на линијата на барањата на Бугарија од нивната Рамковна позиција. Тоа е спротивно на Преспанскиот договор, но – компромис е компромис, макар и на штета на постигнатиот компромис.

Како и да е, извесно е дека нема да биде усвоена Преговарачката рамка (во која другите држави членки не дозволија да влезат бугарските барања), и нема да отпочнат преговорите. Причината е блокадата од Бугарија, затоа што не се задоволиле нејзините барања – кои не само што се надвор од правото на ЕУ и Копенхагенските критериуми, туку се и спротивни на нив.

Во меѓувреме, изминаа 15 години од кандидатскиот статус. Се смени Европската унија, се сменивме и ние. Најмалку што можеме да направиме е да ги обмислиме барем следните 15 години, објективно проценувајќи ги сите можности и ризици, како и цената и придобивките и да видиме што можеме најпрвин ние да сториме за себе.

Веројатно не како алтернатива на членството во ЕУ, но секако како алтернатива за живот во исчекување на следните заклучоци од Советот за општи работи на ЕУ.

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...