Младите од „Че тим ТВ“ направија ново видео со кое се осврнуваат на лошите резултати на учениците од Македонија во последниот извештај на ПИСА (Programme for International Student Assessment).

Според она што го соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), средношколците од Северна Македонија се рангирани на 67 место во светот, со просечен резултат од 393 поени за читање, 394 поени за математика и 413 поени за природни науки.

На првото место на оваа листа е Кина, а од европските земји најдобра е Естонија – на 5-то место. Од поранешна Југославија, пред Македонија се Словенија и Хрватска (на 21. место), Србија на 45-то месот, Црна Гора на 52-то место и Босна и Херцеговина на 62-то место. Од нас е полошо само Косово, кое е рангирано на 75-то место.

(За да го вклучите превод на македонски јазик, кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото)