Младите автори од „Че Тим ТВ“ со поддршка од порталот „Portalb.mk“ направија ново видео во кое ја отсликуваат реалната ситуација во зимскиот центар „Попова Шапка“, кој пропаѓа со години, бидејќи во него не се инвестира.

(За да го вклучите превод на македонски јазик, кликнете на „cc“ копчето во долниот десен агол на видеото)

Со зимскиот центар управува „ЕЛЕМ Турс“. Некои од хотелите со кои управува оваа компанија со години работат со загуба и досега вкупната загуба достигна 24 милиони евра.

Жичницата од Тетово не функционира од 2001 година, и поради оштетувањата во оружениот конфликт и поради други проблеми.

На Попова Шапка нема доволно корпи за отпадоци, а лошото справување со отпадот честопати доведуваше до диви депонии кои се палеа.

Нема ни доволно паркинг-места, па посетителите се принудени да пешачат по три километри.

Изградени се многу викендички, со и без дозвола, со што Попова Шапка е веќе мало „село“.