fbpx

Чавков во Куманово: За МВР грижата за граѓанинот е на прво место

-

Стапката на кривични дела што се гонат по службена должност, минатиот месец во Куманово била намалена за 36,3 отсто, во споредба со истиот период лани, соопшти министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, на денешната средба со претставниците на месната заедница Тоде Мендол и со невладиниот сектор.

Според Чавков, кого на средбата го придружуваше и новиот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Горанчо Савовски, минатиот месец во Куманово биле регистрирани 58 вакви кривични дела, за разлика од 91 дело, колку што имало лани во истиот период.

Идентична, според министерот, е и состојбата со физичките напади, кои во првите пет месеци од оваа година се намалени за 5,8 отсто, споредено со лани.

Чавков на средбата истакна дека за постигнување на оптимално ниво на доверба меѓу граѓаните и полицијата, неопходно е таа да манифестира активен однос кон граѓаните и кон заедницата во своето секојдневно работење, да се интересира за безбедносните потреби и стравови на граѓаните, да ги информира, да ги советува и да организира и да презема активности насочени кон нивна заштита.

– Полицијата и граѓаните не се два спротиставени концепти. Напротив, грижата за човекот, за граѓанинот, за МВР е на прво место. Тоа, впрочем, го потврдуваме и со нашето постојано присуство и интерес за безбедносната состојба на подрачјето на општина Куманово. Во изминатиов период се соочивме со одредени проблеми, кои значително влијаеја на квалитетот на безбедноста, но евидентно е дека и ние, како Министерство, кое е надлежно за одржување на јавниот ред и мир и безбедноста, но и вие, како граѓани, покажавме зрелост и подготвеност да се соочиме со состојбата и заеднички да дејствуваме за Куманово да биде безбедна средина за живеење за сите – рече Чавков.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 посто од вкупниот број запишани гласачи - 1.814.317. Најголема излезност има во Општина Новаци, над...