fbpx

Чарлс Трети и официјално е прогласен за крал на Обединетото Кралство

-

Денеска, во церемонија исполнета со античка традиција и политичка симболика, кралот Чарлс Трети беше официјално прогласен за британски монарх, објавија светските агенции. За прв пат во историјата, прогласувањето на кралот на Обединетото Кралство, се емитуваше во живо.

Инаку, Чарлс автоматски стана крал кога неговата мајка, кралицата Елизабета Втора, почина во четвртокот, но церемонијата за прием е клучен уставен и церемонијален чекор во воведувањето на новиот монарх во земјата.

Голем број угледни политичари, поранешни и сегашни функционери, вклучително и премиерката Лиз Трас заедно со петмина нејзини претходници, се собраа во палатата Сент Џејмс на каде заседаваше Советот за пристапување. Советот овој пат заседаваше без Чарлс, за официјално да ја потврди неговата титула, кралот Чарлс Трети.

Во својата изјава, кралот посочи дека извршувајќи ги должностите како монарџ, тој ќе го следи „инспиративниот пример“ на неговата мајка.

„Длабоко сум свесен за ова големо наследство и за должностите и тешките одговорности на сувереноста кои сега ми се пренесоа на мене“, рече тој.

Зборувајќи за неговата лична тага, тој рече: „Знам колку длабоко вие и целата нација, и можам да кажам и целиот свет, сочувствувате со мене во оваа неповратна загуба што сите ја претрпевме“.

Новиот крал формално одобри серија наредби – вклучително и една со која денот на погребот на неговата мајка се прогласува за државен празник. Датумот на државниот погреб не е објавен, но се очекува да биде околу 19 септември.

Чарлс на церемонијата беше придружуван од неговата сопруга Камила, а беше присутен и неговиот најстар син принцот Вилијам. Вилијам сега е престолонаследник и ја презема поранешната титула на Чарлс, принц од Велс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...