fbpx

ЦГК: Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за 3,6 милиони евра

-

Истражување за набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму, покажа дека се набавени нови 142 патнички возила за 3 милиони и 609 илјади евра. Возила набавиле 42 државни институции.

Според резултатите од анализата на Центарот за граѓански комуникации, најмногу патнички возила набавила владината Служба за општи и заеднички работи, која доскорешните „Пасати“ ги замени со 45 нови „Шкода Суперб Амбишн“.

Кога станува збор за конкуренцијата на тендерите за набавка на нови возила, таа и натаму опаѓа односно дури на 83 отсто од тендерите имало само по една понуда.

Повеќе од 40 отсто од набавените нови возила се поскапи од 30 илјади евра.

Трите најскапо платени возила се „Шкода Суперб ФЛ“ од 47 илјади евра и „Мерцедес Ц 180“ од 44 илјади евра – и двете на Државната видеолотарија, а на трето место е „Хјундаи Соната“ на Агенцијата за електронски комуникации по цена од 43 илјади евра.

Меѓу марките возила, се чини дека и натаму омилена марка на функционерите е „Шкода“ која со 60 возила води на листата, како и претходните години. Долгогодишното второ место на „Фолксваген“ му го презема „Фиат“ од кој се набавени 25 возила, а на трето место со 13 возила сега е „Ситроен“.

Меѓу фирмите, најголема вредност на договорите и овој пат има „Порше лизинг“ со скоро 2 милиони евра, „МИ-ДА Гранд Моторс“ со речиси 300 илјади евра и „Аутомобиле-СК“ со 274 илјади евра.

Анализата ги опфаќа само патничките возила, а не и комерцијалните, односно товарните, транспортните и техничките возила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...