ЦГК: Општините и министерствата заедно трошат за адвокатски услуги повеќе од 2 милиони евра годишно

По објавување на истражувањето Општина Гази Баба испрати реакција во која се нагласува дека отчетноста и транспарентноста се и остануваат приоритет во работењето на Општината. Потенцираат дека Општина Гази Баба како единица на локалната самоуправа нема склучено договор за професионално ангажирање на адвокатот Влатко Ристовски и кон него нема исплатени финансиски средства за извршени адвокатски услуги

-

Во 2023 година, општините и Град Скопје потрошиле 67.269.053 денари (1,1 милион евра) за адвокатски услуги, додека, министерствата исплатиле 62.428.934 денари (1 милион евра), покажува истражувањето за исплатите за адвокатски услуги од буџетите на општините и министерствата што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации.

Истражувањето покажува дека 72 од 81 општина ангажирале адвокати, а една четвртина од нив исплаќаат месечен паушал.

Град Скопје и Гази Баба водат во исплатените суми за адвокати, додека од министерствата најмногу пари исплаќаат Министерство за финансии (за функции на државата), потоа правда и труд.

Најмногу пари му се исплатени на адвокат Влатко Ристовски, кому Општина Гази Баба му исплатила над 6 милиони денари во 2023 година.

Според истражувањето, општините и министерствата немаат пишани внатрешни правила за ангажирање адвокати, а набавката на адвокатски услуги е исклучена од Законот за јавни набавки.

Само две општини одговориле дека спровеле некаква постапка за избор, но исто така немаат процедура за тоа. Во едната, адвокатот е „избран со три барања за понуди“, додека во другата „спроведена е постапка за избор со објава на повик за заинтересирани адвокати“.

И кај министерствата, од трите што ангажирале адвокати, само едно спровело постапка на избор со три понуди.

По објавување на истражувањето Општина Гази Баба испрати реакција во која се нагласува дека отчетноста и транспарентноста се и остануваат приоритет во работењето на Општината.

Потенцираат дека Општина Гази Баба како единица на локалната самоуправа нема склучено договор за професионално ангажирање на адвокатот Влатко Ристовски и кон него нема исплатени финансиски средства за извршени адвокатски услуги.

„На 7.8.2023 година од страна на адвокатската канцеларија ‘Адвокат Влатко Ристовски’ до Општина Гази Баба, под архивски број 08-6145/1, е доставен предмет: Барање за исплата на побарување во вкупен износ од 6.152.377 денари. Ова барање произлегува врз основа на правосилна/извршна пресуда ПЛ1-ТС45/17 од 24.4.2017 година на Основниот суд Скопје 2, со која Општина Гази Баба е задолжена да му плати на Друштвото за градежништво, промет, транспорт и услуги ‘Адонис’ ДООЕЛ Скопје.“ пишува во соопштението.

Како што објаснуваат, финансиските средства ѝ се исплатени на адвокатската канцеларија врз основа на склучен договор за отстапување побарување, кој е склучен на 16.2.2022 година, во кој Друштвото за градежништво, промет, транспорт и услуги ‘Адонис’ ДООЕЛ Скопје како отстапувач го пренесува целокупното побарување што го има кон Општина Гази Баба на адвокатот Влатко Ристовски од Скопје како примач.

„Општина Гази Баба за професионалното ангажирање адвокат има исплатено средства во согласност со тарифникот за награда и надоместок на трошоците за работа на адвокатите во Република Македонија“, стои во реакцијата.

 

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...