fbpx

ЦГК: Јавните набавки со низа слабости, е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција

-

Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости кои укажуваат на договарање меѓу институциите и понудувачите, соопшти Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) кој го објави деталниот Извештај од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јануари до јуни 2021 година.

Според наодите од Извештајот, во првото полугодие од 2021, преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас се склучени договори во вредност од 7,9 милиони евра и тие слабости, како што наведува ЦГК, се присутни на тендерите кои ги спроведуваат институциите и на национално и на локално ниво.

„Иако незадолжителна, електронската аукција била применета во 91 отсто од јавните набавки што упатува на тоа дека е-аукцијата се користи како механизам за манипулации и корупција. Честото совпаѓање на вредноста на доставените понуди со проценетата вредност на тендерите, која не е јавно објавена, упатува на претходно договарање меѓу институциите и понудувачите“, информираат од ЦГП.

Акцентирајќи ги клучните наоди од Извештајот, ЦГП соопшти дека постојат примери на нееднаков однос кон понудувачите, како и случаи на ограничување на конкуренцијата.

„На секој четврти тендер е доставена една или ниту една понуда. Поништувањето на тендерите останува исклучително високо и изнесува 26 проценти“, посочија од Центарот за граѓански комуникации.

Само 6,5 отсто од барањата за изводи во 2022 година граѓаните ги пополниле во електронска форма [инфографик]

Само 6,5 отсто од барањата поднесени од граѓаните за издавање на извод од матична книга на родени, умрени или венчани се во електронска форма, додека останатите се поднесени лично,...
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Download Best WordPress Themes Free Download
udemy free download
download lava firmware
Download Nulled WordPress Themes
free download udemy course