fbpx

Центарот за обука на пилоти на АРМ станува официјален НАТО центар

-

Армискиот Сквадрон за обука и тренинг, попознат како Центар за обука на пилоти, од денеска се приклучи на центрите за обука на пилоти во Чешка и во Италија како официјален НАТО центар кој е дел од структурата за летачка обука на Алијансата во Европа, соопшти Министерството за одбрана.

„Со приклучувањето на овој Центар во НАТО структурата за летачка обука во Европа се потврди и фактот дека тој функционира согласно највисоките стандарди на Алијансата во доменот на обуката на пилоти на хеликоптери“, истакнаа од Министерството.

Од таму додаваат дека истовремено со Центарот за обука на пилоти во Северна Македонија, дел од оваа НАТО структура станаа и два тренинг кампуса во Грција и во Унгарија.

„Северна Македонија беше една од десетте сојузнички земји, која заедно со Белгија, Чешка, Грција, Унгарија, Италија, Црна Гора, Романија, Шпанија и Туркије ја лансираа иницијативата за создавање на НАТО структура за летачка обука во Европа, со што се потврди и посветеноста на нашата земја за придонес кон зацврстување на колективната одбрана и безбедност“, истакнаа од Министерството за одбрана.

Целта на НАТО структурата за летачка обука во Европа е изградба на комплетна пилотска тренинг – архитектура во Европа која ќе даде можност за сеопфатна обука на пилоти на борбени авиони, хеликоптери и дронови за потребите на Алијансата.

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Download WordPress Themes
Premium WordPress Themes Download
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
free online course
download redmi firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
free online course