Државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година ја добиваат Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ од Скопје и Лила Милиќ, соопшти денеска Министерството за култура.
Ваква одлука донел одборот за доделување на оваа државна награда, која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември во Собранието на Република Северна Македонија.