Цените на катастарските услуги ќе се намалат до 75 отсто

Предлогот доаѓа како одговор на зголемувањето на цените во февруари 2024 година

-

По остварена средба со премиерот Христијан Мицкоски, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Иван Живковски изјави дека доставил предлог за намалување на надоместоците, односно дека цените наскоро би требало да се намалат и до 75 отсто.

„На пример, доколку склучите договор за купопродажба на стан, треба да извршите упис во катастарот на 4 имотни листови: за станот, земјиштето под зградата, заедничките простории и паркинг местото. Во моментот, за оваа пријава се плаќаат 5.000 денари, но со измените во тарифникот, граѓаните ќе треба да платат само 1.250 денари по правен основ, што претставува намалување од 75% на овој надоместок“, објасни Живковски.

Дополнително, директорот информираше дека намалување ќе има и за оставинските постапки и договорите за дар, каде наплатата ќе биде 1250 денари по правен основ за една катастарска општина, без оглед на бројот на имотните листови во катастарската општина. Досега се наплаќаше по 1250 денари за секој имотен лист.

Предлогот доаѓа како одговор на зголемувањето на цените во февруари 2024 година.

Живковски нагласи дека Агенцијата игра клучна улога во регулацијата и развојот на гео-просторната инфраструктура, урбанистичкото планирање и пазарот на недвижности. Воедно, тој истакна дека предложените намалувања на цените се само вовед во најголемата реформа и модернизација на катастарот на недвижностите во државата, како дел од пошироката најавена дигитализација во државата.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...