Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за два денари за литар, додека цената на дизел горивото се намалува за 2,5 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со
комунален отпад.

Од ноќеска на полноќ, цената на Еуросупер БС-95 ќе биде 82,5 денари, а на Еуросупер БС-98, 84,5 денари, додека дизелот ќе се продава за 91,5 денари за литар.

РКЕ одлучи малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство да се намали за еден
денар за литар и ќе се продава за 96 денари, додека, пак, цената на мазутот се зголемува за 0,368 денари за килограм и ќе чини 46,656 денари.