Цените на бензините од ноќеска поевтинуваат за три денари за литар

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука, со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто во однос на одлуката од 11.07.2022 година.

Малопродажните цени на бензините од ноќеска на бензинските пумпи ќе поевтинат за три денари за литар.

Од ноќеска максималните цени на Еуросупер БС – 95 ќе изнесуваат 102,50 денари за литар, Еуросупер БС – 98 ќе чинат 104,50 денари за литар. Дизел горивото Еуродизел БС (Д-Е V) ќе може да се набави за 100 денари за литар, додека цената на екстра-лесното масло (ЕЛ-1) ќе остане 98 денари за литар. Мазут М-1 НС ќе се продава за 50,903 денари за килограм.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,742 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 6,272 отсто, кај дизелот за 2,286 отсто, кај екстра лесното масло за 1,722 отсто и кај мазутот за 3,656 отсто.

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори со кои...

Не кликајте на линкови за наводни наградни игри и инвестирање во виртуелни валути

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Охрид денеска, од повеќе профили на неколку социјални мрежи, евидентирал зачестени објави во кои, од граѓаните се бара со „клик“ на линкот, да ја отворат...

Украинската безбедносна служба испрашува двајца севернокорејски војници

Украинската служба за безбедност продолжува да испрашува двајца севернокорејски војници заробени како воени заробеници во регионот Курск. Украинскиот претседател Володомир Зеленски нуди размена на затвореници ако Ким Џонг Ун помогне во...

Бензинот Еуросупер 95 поскапува за 1,5 денари

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,5 денари за литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива...

Вработени во шест министерства и во уште две други институции од утре ќе протестираат

Вработени во шест министерства, како и нивни колеги од Државниот завод за статистика и Државниот архив, од утре ќе протестираат. Ваботените се незадоволни од непотпишувањето на новите колективни договори...