Министерството за внатрешни работи известува дека поради повторно разгорување на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Скопје-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце.

Од МВР велат дека во координација со другите надлежни институции преземаат мерки за гасење на пожарот.

Апелираат граѓаните да не тргнуваат кон ГП Блаце до гасењето на пожарот и нормализирање на сообраќајот.