CD PROJEKT RED најави нови Witcher игри како и продолженија за Cyberpunk 2077

Witcher 3 Next Gen слика од CD PROJEKT RED
Witcher 3 Next Gen слика од CD PROJEKT RED

На големо задоволство на фановите, CD PROJEKT RED обелодени дека во план и изработка имаат нови продолженија за Witcher сагата како и експанзии и додатоци за Cyberpunk 2077, а згора на тоа и сосема нов наслов наречен Project Hadar. Целосната официјална бизнис стратегија на фирмата е содржана во audio-webcast што можете да го ислушате во целост на следниот линк.

Toa што го изненади целиот гејминг пазар и гејмерите, јутуберите и стримерите е што CD PROJEKT RED ја објави целосната стратегија за следниве неколку години без да задржува најави за самите игри туку истурија еден куп на информации за сите нивни планови во иднина.  

Што се однесува до Witcher сагата, се очекуваат неколку наслови, а наскоро ќе излезе и очекуваната графички надградена верзија за Witcher 3: The Wild Hunt Next Gen. За тие што веќе ја имаат купено играта претходно оваа надградба ќе биде бесплатна на сите платформи вклучувајќи ги и PC корисниците. 

За следни продолженија ќе има нова трилогија на игри за Вичер наречена Polaris но не се знае сè уште ништо конкретно освен тоа што приказната ќе се одвива со познатиот начин на раскажување како во Вичер 3. Фановите претпоставуваат дека главен лик ќе биде Сирила, а можно е и да се врти играта повторно и околу Гералт.

Покрај тоа, ќе има и посебна игра што не е дел од оваа трилогија наречена Project Sirius. Со неа ќе се прошири демографијата и таргет групата ќе биде, како што се изразија, „поширока публика“ односно луѓе што ја гледале серијата а не се толку навлезени во игрите како „искусните RPG фанови“. Играта ќе содржи и Single Player и Multiplayer и ќе биде поедноставена верзија за Вичер сагата, а сосема е можно и навестувањето што гејмерите го шпекулираат дека ќе се направи како игра за мобилни телефони. 

За Cyberpunk ќе има нов наслов наречен Orion а се планира и да се продолжи изработка на други игри во истиот „универзум“, но за оваа игра фирмата вели дека „целосно ќе го употреби потенцијалот што овој мрачен универзум може да го понуди“.  

Најавени се уште две игри за кои се знаат само насловите Canis Majoris и Project Hadar. Во сите нови игри наместо нивниот интегриран Engine ќе користат Unreal Engine 5 за кој веќе имаме два детални написи: првиот и вториот.