fbpx

По страшниот рекорд од 2019, дивата сеча на шумите лани делумно ставена под контрола [инфографик]

Бесправната сеча на дрвја во земјава е горлив проблем поради кој продолжува да се уништува шумското богатство. Само во 2020 година, регистрирани се 19.282 метри кубни бесправно исечена дрвна маса од шумскиот фонд на земјава, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика...

Пошумувањето во земјава на рекордно ниско ниво, ќе нема кој да се бори со климатските промени [инфографик]

Пошумувањето на нови површини во земјава опаѓа во изминатава деценија. Во 2020 година во Македонија биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари, покажуваат податоците на Државниот...

Пожарите лани проголтале најмалку шумска површина во земјава во последнава деценија [инфографик]

Шумските пожари лани проголтале најмалку хектари површина засадена со дрвја во земјава во последнава деценија. Од палењето на вегетацијата во шумите во 2020 година настрадале вкупно 438 хектари, што е многу помалку во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во...

Возилата растечки предизвикувач на климатските промени, властите со мерки ќе мора да пресечат [инфографик]

Постојаното зголемување на бројот на возила на улиците, огромниот наплив на стари возила од странство, намалувањето на бројот на патници во јавниот превоз и на корисниците на велосипедот, како и неразвиената железница предизвикуваат Македонија да се соочува со проблеми со емисиите на стакленички гасови...

Возењето џип најмногу загадува, велосипедот и јавниот превоз најеколошки [инфографик]

Старите половни дизелаши испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата, додека велосипедот како превозно средство е убедливо најеколошко од аспектот на спречување на климатските промени. Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање објавени на веб-страницата klimatskipromeni.mk покажуваат дека меѓу дизелашите најголеми загадувачи се...

Повеќе од двојно зголемен увозот на половни возила во првото полугодие од годинава [инфографик]

Увозот на половни возила од странство не само што не се намалува, туку во првото полугодие од годинава е забележано повеќе од двојно зголемување на бројот на внесени стари возила во Македонија. Според податоците на Царинската управа на РСМ, импортерите на стари возила успеале...

Македонија на европското дно според процентот на прочистување на отпадните води [инфографик]

Македонија, заедно со Србија и Косово, се наоѓаат на европското дно според процентот на население кое има пристап барем до секундарен третман на урбаните отпадни води, покажуваат податоците на Евростат и на Државниот завод за статистика. Во 2018 година, само 21,7 отсто од урбаните...

Рестрикции на вода за пиење во некои општини, рушиме европски рекорди во загуби на вода [инфографик]

Рестрикции на вода за пиење во траење од неколку часа во цели населени места и незадоволство од граѓаните, како и апели од јавните комунални претпријатија за рационално користење на водата за пиење. Ова е сликата во делот на водоснабдувањето низ дел од македонските општини...

Младите најмногу сакаат да студираат за информатичари и лекари, најмалку за уметници [инфографик]

Бројот на лицата кои се запишуваат на факултетите и на високите стручни школи во државата се намалува, а младите најмногу сакаат да учат за електроничари, информатичари и математичари, најмалку за уметници. Тоа го покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Притоа, факултетите за...

Температурите рушат рекорди, не сме подготвени да се справиме со климатските промени [инфографик+фото]

Долготрајни суши, топли зими по кои следуваат ладни бранови напролет, снежни врнежи кои одредени региони од земјава не ги имаат во зима, интензивни врнежи од дожд и град за кратко време кои предизвикуваат поплави. Ова се само дел од временските непогоди со кои се...

Две третини од фекалиите што го создаваме и понатаму завршуваат непречистени во реките и подземните води [инфографик]

Во 2020 година немало напредок во делот на заштитата на водите во земјава од урбаните отпадни води. Две третини од фекалиите што се создаваат во населените места и понатаму завршуваат во реките и подземните води, без притоа да се пречистат. Поголеми пречистителни станици за...

Наместо да опаѓа, проблемот со недостиг на паркинг места во Скопје расте [инфографик]

Недостигот на паркинг места во Скопје станува хроничен проблем. Бројот на автомобили на скопските улици од година во година расте, а ваквиот тренд не доведува и до отворање на доволно нови локации за паркирање на овие превозни средства. Статистичките податоци покажуваат дека градските власти...

Лани сме ја зголемиле потрошувачката на вода за пиење колку што вкупно користи Североистокот на земјава годишно [инфографик]

Во Македонија расте потрошувачката на вода за пиење низ годините, при што минатата година од водоводните системи биле зафатени и преземени рекордни количества на питка вода од природата. Според податоците на Државниот завод за статитистика, во 2020 година од јавните водоводи во земјава биле...

Емисиите на стакленички гасови во земјава растат кај транспортот и отпадот, опаѓаат во енергетската индустрија [инфографик]

С. Македонија низ годините успева постепено да ги намали емисиите на стакленички гасови во атмосферата, но остануваат загрижувачки неколку сектори кои можат да имаат натамошно негативно влијание врз климатските промени: палењето на шумите, транспортот и отпадот. Податоците од „Третиот двогодишен извештај за климатски промени“...

Пандемијата предизвика во 2020 година да имаме рекорден број на починати – над 25.000 лица (инфографик)

Ковид-19 пандемијата и нејзиното влијание врз здравјето на населението предизвика во С. Македонија во 2020 година да починат за 26 отсто повеќе лица во споредба со претходната година. Лани починале 25.775 жители, и тоа е најголем број на починати на годишно ниво од 1995...

Климатски промени: Рекордни отстапувања на просечните температури на воздухот во С. Македонија [инфографик]

С. Македонија се соочува со отстапувања од просечните средногодишни температури на воздухот со години наназад. Климатските промени со кои се соочува целиот свет се присутни и во земјава. Сепак, во 2019 година регистрирани се рекордни позитивни отстапувања на температурите во населените места. Скопје, Гевгелија...

Двојно е поголем бројот на домаќинствата што поседуваат автомобил наспроти велосипед [инфографик]

Статистиката вели дека бројот на домаќинства кои имаат автомобил е повеќе од двојно поголем од оние домови во кои има барем еден велосипед. Според податоците на Државниот завод за статистика, само 30,7 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во 2020 година. Оваа бројка е...

Само 15,5 отсто од испуштените отпадни води од индустријата лани биле пречистени [инфографик]

Негативни бројки за (не)постоењето на соодветен третман на индустриските отпадни води во земјава. По серијата на еколошки инциденти кои се случија изминативе месеци со испуштање на води од индустријата непречистени во реките и езерата, Државниот завод за статистика во официјалниот извештај за 2020 година...

Колку повеќе трупаме отпад во природата, толку повеќе се оддалечуваме од ЕУ [инфографик]

Наместо да се приближува кон европските стандарди, С. Македонија од година во година сѐ повеќе заостанува зад земјите-членки на ЕУ во делот на управувањето со отпадот. Статистичките податоци покажуваат дека македонските граѓани и компании во континуитет го зголемуваат обемот на создаден комунален отпад, со...

Постојат 55 претпријатија низ земјава што ги одведуваат урбаните отпадни води, само 17 ги прочистуваат [инфографик]

Од 80 македонски општини, грижата за собирање и одведување на урбаните отпадни води што ги создаваат домаќинствата ја споделуваат вкупно 55 јавни комунални претпријатија. Од нив, само 17 од овие даватели на водни услуги ги прочистуваат ваквите отпадни води, со што не вршат загадување...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...