fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: Измислен говор на Путин вирално се шири на социјални мрежи

Ниту една од овие триесетина реченици од наводниот говор на Путин што се споделува на Фејсбук, рускиот претседател не ги кажал во ниту еден од неговите говори откако почна руската инвазија на Украина. Нашата проверка покажа дека сите реченици се целосно измислени. Со пребарување...

Вистиномер: Нема докази дека Азаров лиферувал информации за биолаборатории на НАТО во Украина

Написот споделен во постот што го анализираме, содржи многу нејасни и неконцизни информации. Прво, нејасен е изворот на истите. „Вистиномер“ се обиде на Гугл да најде каде поранешниот украински премиер, Микола Азаров лиферувал детали кои се изнесени во текстот, но не успеа во тоа. Она што...

Вистиномер: Фотографија објавена на полски и руски сајтови прикажана како да е снимена во Скопје

Зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук  не се во Скопје. „Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини. Според информациите кои ги најдовме на „Tin eye“ – сајт за пребарување и...

Вистиномер: Би-Би-Си не известил дека масакрот во Краматорск е изведен со украински проектил

„Би Би Си“ официјално предупреди дека на интернет почнало да се шири лажно видео, во кое е злоупотребено нивното лого за лажно да се тврди дека нападот во Краматорск го извела Украина. Тоа што проектил „Точка-У“ е пронајден на местото на настанот, не значи...

ResPublica: Хоророт на пропагандата или кога мртвите стануваат

Текст на „ResPublica“. Според договор, „Мета.мк“ го пренесува текстот во целост: Дезинформациите за руската воена инвазија на Украина доведоа до такви поделби на населението во Македонија, особено на оние што се информираат главно од социјалните мрежи, што сега се води онлајн дебата околу тоа дали навистина таму...

Вистиномер: Фотографија од инјекции потребни за ин витро, злоупотребена да ги наведе родителите да одбиваат вакцини

Фотографијата не гo претставува бројот на вакцини и лекарства што ги примаат децата. Ниту кај нас, ниту било каде во светот бебиња и мали деца не примаат толку многу дози вакцини. Според бројот на инјекции и некои од видовите лекови кои можат да се...

Стојановски: Разни актери се обидуваат да ја поткопаат демократијата со дезинформации

На годинешната конференција „Дисикон - Интегритетот на информациите“, директорот за партнерства и развој на ресурси во Фондацијата Метаморфозис, Филип Стојановски зборуваше за странските интервенции во поткопувањето на демократијата, како и за работата на Фондацијата Метаморфозис во борбата против дезинформациите, пишува Порталб.мк. Стојановски потврди дека интегритетот...

Вистиномер: Вита Заверуха не му е внука на Зеленски

Девојката прикажана на фотографиите во постот е  Вита Заверуха, со целосно име Викторија Игоревна Заверуха.  Британскиот „Дејли Мејл“, за неа во 2015 година објави дека  е неонацистка, како и дека била уапсена во врска со смрт на двајца полициски службеници. Дезинформацијата дека оваа девојка,...

Вистиномер: Нема докази дека Путин боледува од рак на тироидата

Наспроти тврдењето во постот, нема никаква официјална потврда или докази дека здравствената состојба на рускиот претседател е влошена, односно дека тој боледува од рак на тироидната жлезда. Во написот, споделен во постот, се изнесуваат неофицијални информации дека Путин бил посетуван од разни лекари во...

Вистиномер: Не е точно дека 15 тенисери поради поствакцинални компликации се повлекле од „Мајами Опен“

Авторот пишува дека станува збор за 15 тенисери, а во веста која ја споделува, повикувајќи се на познати антиваксерски портали, конкретно се опишува здравствената состојба на двајца тенисери, односно за Паула Бадоса и Јаник Синер. Двајцата имале здравствени проблеми, но не како последица на...

Вистиномер: Нема никакви подготовки за војна, туку се купува опрема согласно планот за модернизација на армијата

Армијата навистина ќе се поднови со возила и артилериски системи, но чиста дезинформација е дека Македонија се подготува за војна, па затоа и купува нова воена опрема. Во  врска со ова од Владата за „Вистиномер“ одговорија дека средствата за набавката на воена опрема се...

Вистиномер: Лабораториите во Украина не се под директна команда на Пентагон и не се за биолошко оружје

Не е вистина дека во Украина имало биолаборатории на САД под директна команда на Пентагон, а во кои имало сипаници, дифтерија, туберкулоза, антракс, чума, сарс и ковид. Лабораториите се под суверена команда на Украина и се национални, а СЗО после воената инвазија на Русија...

Вистиномер: Сатирична објава за Еди Рама се пренесува како сериозна вест

Aвторот на објавата не забележал дека, всушност, се работи за сатирична вест. Аналитичарката Сузана Стариков во неколку наврати реагираше на Твитер дека станува збор за првоаприлска шега и дека медиумите треба да престанат да ја пласираат како сериозна вест, пишува „Вистиномер“ во својата...

Вистиномер: Руската пропаганда со дезинформации во Македонија пред референдумот во 2018

Додека експертите од ЕУ и САД даваа насоки „Како Балканот да се одбрани од руската пропаганда?“, во 2018 година Македонија беше мета не само на засилено руско пропагандно влијание, туку и на руско политичко влијание преку поддршка на македонскиот клон на „Единствена Русија“ (види анализа)....

Вистиномер: Не е точно дека на 9 април годинава во трговски центар во Киев се појавил знакот на Хитлер

Снимката е веродостојна, но е стара повеќе од три години. Направена е на 16 февруари 2019 година и потекнува од трговскиот центар „Хородок“ во Киев. Лед светилките на скалилата неколку минути на овој датум биле осветлени со огромен кукаст крст, но не од страна...

Kовачевски за „Ди Пресе“: Дезинформации пласираат оние кои не сакаат земјата да напредува

Дезинформациите во земјава во врска со војната во Украина се распространуваат со финансиска поддршка од Русија, во интервју за австрискиот весник „Ди Пресе“, вели премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски. Говорејќи за дезинформациите што во земјаваа се пласираат во контекст на политичката ситуација и војната...

Руската научна, образовна и културна пајажина во Северна Македонија

Пајажината на руското влијание во Северна Македонија се гради и преку науката, образованието и културата. Тоа се постигнува со пласирање теми поврзани со научното, културното и образовно, па и религиско заедништво со Русија, заеднички настапи и одбележувања значајни датуми, изјави на претставници на академската...

Вистиномер: Лажни доктори препорачуваат апчиња за слабеење на интернет

Во рекламата која ја рецензираме, туѓа фотографија од лекар кој не е специјалист ендокринолог, е злоупотребена за лажно да се промовира диететски суплемент. Дополнително забележуваме дека не постои ниту фирма, ниту земја на потекло, ниту адреса на фирма од каде се нарачува производот,...

Вистиномер: Не е точно дека во Франција и САД не се исплаќа животно осигурување за вакцинирани од ковид

Не е вистина дека во САД и во Франција фирмите кои нудат полиси за животно осигурување, наводно одбиваат да ги исплатат затоа што починатиот носител на полисата бил вакциниран, односно бидејќи ја сметаат вакцинацијата за самоубиство. И француското Министерство за правда и Советот на...

Вистиномер: Ако покрај телата на цивилите во Буча немало крв, тоа не значи дека немало и злосторства

Сателитските снимки од теренот, кои беа објавени од страна на медиумите, покажуваат дека некои од телата на убиените во Буча биле во иста позиција со недели, што значи дека дури и да имало крв, таа веќе би била отстранета од атмосферски настани во моментот...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...