fbpx

Проверка на факти

Андреј Захаров, руски сервис на Би-Би-Си: Осум години пропагандата подготвува луѓе за поддршка на војната во Украина

Андреј Захаров
Андреј Захаров е истражувачки новинар од рускиот сервис на Би-Би-Си. Тој се пресели од Русија во ноември минатата година, кога беше назначен за „странски агент“ во Русија, како што се случи и со многу други новинари. Моментално живее во една европска земја. Во интервју...

ДЕБАТА: Проруските наративи во медиумите служат да се создаде сомнеж за евроатлантската ориентација на земјава

„Имаме индикации дека дел од партиските структури се создадени и со руско учество, особено во периодот кога режимот на Груевски почна да се ниша, односно кога беше јасно дека не може да се одржи. Почнувајќи од 2015, по бомбите и после ситуацијата со Кумановските...

Проруската политичка партија „Родина Македонија“ – дезинформации, теории на заговор и поттикнување омраза

Проруската партија „Родина Македонија“ беше извор на дезинформации за Украина уште пред започнувањето на воената инвазија од страна на Русија. Претходно, партијата ширеше дезинформации кои поттикнуваат омраза за НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа, ковид-19 и вакцинирањето, пописот и локалните избори, пишува „Вистиномер“ во својата...

Вистиномер: Пост шири купишта невистини за потеклото на коронавирусот

Во постот се изнесени низа невистини – дека коронавирусот потекнува од змии, дека лекот „Ремдесивир“ е составен од пептиди на кобра, дека коронавирусот се пренесува преку вода, како и дека научникот којшто тоа требало да го обелодени, наводно бил убиен поради неговата научна работа....

Вистиномер: Пентагон не размислува да ѝ испрати оружје на Украина за таргетирање на „аеродромите во Москва“

Заменик-министерката за одбрана Кетлин Хикс, во изјавата објавена од Гласот на Америка на руски јазик, вели дека „САД се подготвени да ја разгледаат можноста за снабдување на Украина со оружје со среден дострел”. Таквото оружје би можело потенцијално да се користи против некои од...

Списанија за алтернативна медицина како уште една алатка за пропагандно величење на Русија

Кај нас се продаваат неколку руски списанија за алтернативна медицина: „Руски травар“, „Руски доктор“ и Руски лек“. Преку нив се испраќаат пораки од типот: „Рускиот совет здравје вреди“, „Русите имаат лек“ и „Вие прашувате, руските лекари ви одговараат“. Во овие списанија народната медицина е...

Вистиномер: Бесмислени се тврдењата дека коронавирусот е создаден во Украина, па донесен во Вухан под закрила на НАТО

Коронавирусот првпат се појави во Кина и има докази дека е природен, а не вештачки и создаден во лабораторија. Вирусот беше идентификуван од кинеските власти на 7 јануари 2020 година, по што неговиот генетски материјал РНК, беше изолиран, а ова го потврди и СЗО....

Вистиномер: Фактите се неприкосновени – дури и кај содржини со астролошки предвидувања

Фотографијата од наводниот астролог, што се споделува во постот, може да се купи од сајтовите за продажба на фотографии по цена од помалку од 14 долари и таа нема никаква врска со некаков астролог. Доколку на Гугл се побара астролог со името наведено во...

Контраспин: Исплатата само на придонеси е, сепак, притисок – СОНК спинува, платите растеле и досега

Анализирајќи ги изјавите на главните актери во штрајкот во образованието (претшколско, основно и средно) кој трае цели две недели, со неизвесност кога ќе прекине, може да се идентификуваат два спина. Еден спин кој доаѓа од Владата и еден спин кој доаѓа од СОНК. Изјавата...

Вистиномер: Руската пропаганда во Македонија по референдумот до зачленувањето во НАТО

Оваа анализа ја документира руската пропаганда по консултативниот референдум за Договорот од Преспа во 2018 г., превирањата во политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и „Единствена Македонија“ заради руско влијание пред уставните измени, руски дезинформации и други нервозни реакции по уставните измени и разочараноста на македонските националисти...

Вистиномер: Со ореви и мед не се лекуваат болести на тироидната жлезда

На пациентите кои имаат болести на тироидната жлезда им е потребен постојан медицински третман и редовни контроли. Првенствено дијагноза, ехо контроли, крвна слика за испитување на хормоните и секојдневна терапија зависно од болеста, секако исклучиво со препорака од специјалист ендокринолог или интернист. Клучно е...

Вистиномер: Со стара фотографија од ирански брод во пламен се илустрира потонувањето на крстосувачот Москва

Фотографијата којашто е искористена во постот за да се претстави потонувањето на крстосувачот Москва, е стара и неповрзана со руската инвазија на Украина. Таа потекнува од јуни 2021 година од потонувањето на иранскиот брод во Оманскиот залив, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го...

Русија донира споменици низ Скопје и го определува текстот од историјата на нив

„Вечна слава на хероите-борци од антихитлеровата коалиција кои го победија нацизмот и ги ослободија европските народи!“. Оваа реченица е испишана на спомен-обележјето позади Универзалната сала во центарот на Скопје, коешто беше свечено откриено на 9 мај 2020 година од рускиот амбасадор во земјава, Сергеј...

Вистиномер: Нема докази дека вакцината против ковид предизвикала сарком, од кој починала девојка

Нема докази дека вакцината против ковид-19 предизвикала сарком, од кој починала девојката чиј смртен случај е наведен во постот. Саркомот е карцином во сврзното ткиво, не се знае што го предизвикува. Има ризик фактори, но меѓу нив не се споменува вакцинацијата. Вакцините против ковид...

Вистиномер: Директорот на финансиската полиција Арафат Муареми не избегал од државата

Oбвинителката Вилма Русковска претходно јавно зборуваше за пријавата со која е опфатен Муареми, по што во медиумите и на социјалните мрежи се појавија информации дека тој е во бегство. Муареми во изјава за ТВ 21 ги демантираше написите кои посочуваа дека избегал и рече...

Вистиномер: Србите во Северна Македонија не ја оправдуваат војната во Украина, дел од нив навиваат за Русија

Србите како и дел од членовите на српско-македонските здруженија во Полошко се против инвазија на која било земја и се за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина. Но, некои од нив и покрај осудата од многу земји и организации, како и укажувањата...

Вистиномер: Во Украина не биле запленети дронови кои содржеле агенси за предизвикување ковид-19

Униформираното лице кое се појавува на видеото вели дека беспилотните летала се опремени со контејнери кои можат да носат до 30 килограми течност, но не кажува дали течноста што се гледа во контејнерите е токсична хемикалија. Освен тоа, униформираното лице не носи никаква заштитна...

Вистиномер: Измислен говор на Путин вирално се шири на социјални мрежи

Ниту една од овие триесетина реченици од наводниот говор на Путин што се споделува на Фејсбук, рускиот претседател не ги кажал во ниту еден од неговите говори откако почна руската инвазија на Украина. Нашата проверка покажа дека сите реченици се целосно измислени. Со пребарување...

Вистиномер: Нема докази дека Азаров лиферувал информации за биолаборатории на НАТО во Украина

Написот споделен во постот што го анализираме, содржи многу нејасни и неконцизни информации. Прво, нејасен е изворот на истите. „Вистиномер“ се обиде на Гугл да најде каде поранешниот украински премиер, Микола Азаров лиферувал детали кои се изнесени во текстот, но не успеа во тоа. Она што...

Вистиномер: Фотографија објавена на полски и руски сајтови прикажана како да е снимена во Скопје

Зградите на фотографијата што се споделува во овој пост на Фејсбук  не се во Скопје. „Вистиномер“ ја побара фотографијата на Интернет и ја најде на повеќе сајтови кои споделуваат хумористични содржини. Според информациите кои ги најдовме на „Tin eye“ – сајт за пребарување и...

Светски ден на книгата: Расте поддршката од читателите за домашните автори

Светскиот ден на книгата, кој се слави секоја година на денешен ден, 23 април, претставува глобална прослава на пишаниот збор и цели да даде поддршка на писателите и на...