fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: Фотографија злоупотребена за да се обвини ЕУ за наводен фашизам

Не е вистина дека на фотографијата, која е споделена во склоп на постот се гледаат двете политичарки, Зузана Чапутова и Урсула фон дер Лајен, со фашистички симболи кои може да се поврзат со некакво тајно друштво во кое членувал и Хитлер. На фотографијата се...

Вистиномер: Не е точно дека „Модерна“ ја создала вакцината против ковид-19 пред да се појави коронавирусот

Вакцината на „Модерна“, спротивно на изнесеното во постот, не е создадена пред, туку по појавата на коронавирусот, а самата генетска структура на вирусот претставува основа за нејзиното создавање. Инаку, цела деценија пред појавата на коронавирусот се правени екстензивни истражувања на мРНК технологијата, што, пак,...

Вистиномер: Со лажна наградна игра се злоупотребува брендот „Беко“

На официјалната Фејсбук страница на компанијата „Беко“ нема објава за ваква наградна игра, но има предупредување за истата дека е лажна и граѓаните да не наседнуваат. Постот е невистинит и ги манипулира граѓаните со цел креаторот на оваа страница да собере што поголем број...

Вистиномер: Комисијата се активираше поради зголемен број ковид случаи, а не за да го задуши протестот

Комисијата за заштита на населението од заразни болести уште на крајот на јуни почна да предупредува дека постои нагорен тренд на ковид инфекции во државата, а протестите против францускиот предлог почнаа подоцна. Односно, двете работи не се поврзани една со друга. Исто така, Комисијата...

Вистиномер: Најмалку 12 пати биле палени автомобили во Прилеп од 2015 година до денес

Четири запалени автомобили за еден месец во три намерни опожарувања, се само врвот на трендот на ваквата криминална активност во Прилеп или на подрачјето на ОВР Прилеп. Мала претрага по интернет открива дека од 2015 година досега имало најмалку 12 вакви случаи, пишува Вистиномер.мк. Текстот подолу...

Вистиномер: Со погрешна фотографија се дезинформира јавноста за пукотниците кај Мавровка

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Се работи за две постапки на ОЈО кои се водат за различни лица и се однесуваат за два одделни настана. За лицето што е претставено на фотографиите од постот ОЈО смета дека пукало со огнено оружје,...

Вистиномер: Како Мијалков од имот од 1,5 милиони, за седум години стигна до имот од 36 милиони евра?

Под владение на државата ќе стане имот кој Мијалков го немал или не го пријавил пред седум години. Останува прашањето, како е можно кое било физичко лице од имот од 1,5 милиони евра, во рок од седум години, да стигне до имот од над...

Вистиномер: Извештаите за сомнежи за несакани реакции не се потврдени несакани ефекти

Во постот се пропушта контекстот, затоа што Европската база на податоци за сомнежи за несакани реакции од употреба на некој лек и системот за следење на несакани настани од вакцини во САД – VAERS, не се создадени за преку нив да може да се...

Вистиномер: Не е вистина дека на Макрон му е наредено да поднесе оставка, никој нема такви овластувања во Франција

Според Уставот на Франција, никој не може да му „нареди“ на Претседателот да поднесе оставка. Може да му биде изгласана недоверба, може тој сам да си поднесе оставка или функцијата да му заврши во случај на смрт. Нема таков орган, институција или функција во...

Вистиномер: Убиството на Шинзо Абе не е поврзано со лекувањето на ковид-19, ниту со вакцинацијата

Јапонија почна да ги администрира вакцините против ковид-19 откако во февруари 2021 година беше одобрена вакцината на „Фајзер“. Неколку месеци претходно, на 28 август 2020 година Абе соопшти дека се повлекува од функцијата премиер поради болест. „Ивермектин“, пак, воопшто не е на листата на...

Вистиномер: Фотографијата не е од актуелните протести во Холандија, туку е стара три години

На фотографијата споделена во постот се прикажани холандски земјоделци кои одбиваат да ги прифатат политиките на нивната влада, но не е направена на сегашните протести туку е стара три години. Таа потекнува од демонстрации кои се случиле во октомври 2019 година, пишува „Вистиномер“ во...

Вистиномер: Нема докази за наводен секс скандал на Џастин Трудо со малолетничка

Приказната дека премиерот на Канада, Џастин Трудо наводно имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор дека тоа нема да го објави, не е поткрепена со никакви докази. Гласините за тоа не се од јули 2022 година – кога е објавен постот...

Вистиномер: Лажна фејсбук страница на КАМ ги мами граѓаните со измислена наградна игра

Станува збор за Фејсбук страница креирана на 18 јуни која има речиси 5.000 следбеници и која го користи логото на КАМ маркетите, кое иако е слично, не кореспондира со оригиналното. Истото е злоупотребено и искористено на главната фотографија на фан-страницата, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот...

Вистиномер: Старо видео од антивакцинални протести претставено како да е ново за смена на италијанската власт

Видео материјалот, споделен во постот, потекнува од протести кои се одржале во Италија на крајот на 2021 година и биле поврзани со задолжителното покажување на Грин Пас за сите работници во Италија. За разлика од овој пост, кој инсинуира дека протестите се скорешни, „Вистиномер“...

Вистиномер: Не е точно дека мајмунските сипаници се шират само меѓу геј популацијата

Не е вистина наведеното во постот дека мајмунските сипаници се инфекција која се шири само меѓу геј популацијата, ниту пак, такво нешто изјавиле од СЗО. Вирусот може да се прошири со сексуален и несексуален близок контакт и неговата преносливост не е само за оние...

Контраспин: Нема потврда дека „вo сите идни документи на ЕУ“ македонскиот јазик ќе оди со додавка или фуснота

Голема група интелектуалци кои се нарекуваат македонски учители излегоа во јавност со Манифест: Велиме НЕ на понижувачките услови во непристоен предлог. Во Манифестот, покрај сите други причини наведени во содржината, има еден дел околу јазикот, кој засега е спин, затоа што нема фактичка потврда...

Контраспин: Државата немаше да влезе во НАТО ако не ги исполнеше условите

Наспроти она што го спинува Јакимовски, дека „земјава и со сила ќе беше внесена во НАТО, и без да го смени името“, определбата за евроатлантски интеграции на која било држава е самостојна и независна одлука на секоја од нив. За што впрочем говорат фактите...

Вистиномер: Со старо видео се шират невистини дека 5Г технологијата предизвикува ковид-19

Постот манипулира со старо видео и шири дезинформации за поврзаноста на 5Г мрежата со  коронавирусот. Видеото е од 2018 година и во него  извесна Клер Едвардс зборува исклучиво за штетноста на 5Г технологијата врз здравјето на луѓето и никаде не го спомнува коронавирусот. Впрочем,...

Вистиномер: Не е вистина дека во светските медиуми не се зборува за ковид-19

Пандемијата не е готова, светот е далеку од целосно спречување на ширење на вирусот. Тврдењето дека „никаде во светот веќе не се зборува за вирусот“ е најобична лага. Само во последниот месец за повторното ширење на вирусот, како последица на новите мутации на омикрон,...

Вистиномер: Со монтирани фотографии се обвинуваат светски лидери дека се сатанисти

Фотографиите во постот што го рецензираме се видоизменети (altered content) односно фотомонтирани за да прикажат сосема поинаква уметност со черепи и скелети, со цел да се претстави дека лидерите на НАТО поддржуваат сатанистичка уметност. Оригиналните фотографии се од настанот кој го приреди шпанскиот премиер...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...