fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: Светскиот економски форум нема направено реклама против наталитетот, клипот е од серија

Не е вистина дека видеото презентирано во постот што го рецензираме е реклама на Светскиот економски форум. Станува збор за исечок од телевизиската серија од Велика Британија „Утопија“ која претставува драма и не е на ниеден начин поврзана со Светскиот економски форум, пишува Вистиномер.мк...

Пендаровски не изјавил дека на Украина ќе ѝ донираме и авиони

Проблематично во оваа објава е што не е споделен линк од оригиналниот напис, за да можат читателите кога ќе кликнат на објавата да прочитаат дека станува збор за сатирична објава и дека, всушност, Пендаровски не кажал вакво нешто. Наместо тоа, споделен е исечок од...

Вистиномер: Не е вистина дека невакцинираните се заразни пократко време од вакцинираните и бустираните

Не е вистина дека невакцинираните пациенти со ковид се заразни помалку време од оние што се вакцинирани или бустирани. Спротивно на тоа, студијата објавена од Барцак и нејзините колеги во „New England Journal of Medicine“, откри дека средното времетраење на инфективноста е еден ден...

Вистиномер: Самсунг не доделува 100 уреди ако напишете „САМСУНГ“ во коментар

Официјалната Фејсбук страница на Самсунг изгледа многу поинаку и е професионално одржувана, за разлика од страницата каде што се споделува наградната игра по повод 37 години постоење на компанијата, каде што има само една објава. На официјалната Фејсбук страница на Самсунг има дури 161...

Конспирационистот Алекс Џоунс ќе плати над 4 милиони долари поради дезинформации за масакрот „Сенди Хук“

Судската порота во американскиот град Остин во Тексас, вчера му одреди парична казна од над 4 милиони долари на познатиот конспирационист Алекс Џоунс, како отштета за родителите на 6-годишно момче убиено во масакрот од 2012 година во училиштето „Сенди Хук“ во Њутаун, Конектикат, јави...

Контраспин: Во „војната“меѓу Русковска и Муареми веќе настрада вистината

Во целиот овој галиматијас со последици кои веќе се видливи – тешко нарушување на угледот на три многу важни институции за гонење на криминалот и корупцијата, УФП, ОЈО генерално и ОЈО ГОКК, како и Судот, Русковска изговори една многу моќна реченица: „Никогаш нема две...

Вистиномер: Измислена изјава на Черчил со години се шири на Фејсбук

Не е вистина дека Черчил изјавил оти целата историја на Европа е поврзана со Македонија и затоа сите ја негираат, како и проширениот дел од изјавата, прикажан во постот што го рецензираме. Во објавата не е посочен никаков извор, ниту, пак, со пребарување на...

Вистиномер: Пост дезинформира дека 150 илјади луѓе биле убиени од вакцините

Написот што се споделува во постот се повикува на податоци од американскиот бизнисмен Стив Кирш за кого повеќе извори наведуваат дека е промотор на дезинформации за ковид-19. Кирш, пак, се повикува на американскиот систем за следење на несакани реакции после вакцинација – ВАЕРС, кој...

Контраспин: Хуманитарниот аспект од грижата на Левица за тенковите е замаскиран став на Москва

Крајно неодговорно е под маската на „хуманитарната грижа за Украинецот“, да се „продава“ замаскиран руски став дека Украина нема право на самоодбрана. Токму ова е политичкиот став на Левица, кој е, всушност, спин, зашто не само што се одзема правото на самоодбрана, со што...

Вистиномер: Со измислена приказна се собираат лајкови на Фејсбук

Не е вистина дека девојката прикажана на фотографијата почнала да работи како докторка на 18 јули 2022 година, кога е објавен постот во кој се тврди дека „денеска е нејзиниот прв работен ден“. Не може да се утврди идентитетот и професијата на девојката, но сликата...

Вистиномер: Лажен попуст на Фејсбук нуди „нинтендо свич“ за 123 денари

Оваа објава на Фејсбук го користи името на ланецот продавници за ИТ опрема „Анхоч“ за да го привлече вниманието на корисниците. Но, нема никаква формална врска помеѓу оваа компанија и овие измамници, за што од „Анхоч“ излегоа со реакција и предупредување дека се работи...

Вистиномер: Хеликоптерот што испушта оган не ги предизвикува шумските пожари туку помага да се запрат

Тврдењето во постот дека некој со хеликоптер намерно потпалува шумски пожари е неточно. Заклучокот е донесен паушално и ги измамува корисниците на социјалните мрежи. Хеликоптерот прикажан на видеото се користи за да се стопира понатамошното ширење на шумскиот пожар, односно за контролирано палење при...

Вистиномер: Не е точно дека директорот на СЗО е уапсен за злодела против човештвото

Не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот...

Вистиномер: Не е точно дека СЗО и бугарската влада договориле нов бран на сојот омикрон

Не е вистина дека Кирил Петков и претставник од СЗО договориле со владата на Бугарија пик на сојот омикрон со 10.000 случаи дневно и бустер дози за учениците. Станува збор за комплетна измислица. СЗО нема овластување да издава наредби до земјите членки, ниту да...

Вистиномер: Нема медицински докази дека вакцините против ковид предизвикуваат згрутчување на крвта

Антиваксерите и теоретичарите на заговор секогаш ја поврзуваат вакцината на „Фајзер“ со згрутчување на крвта. Но, нема докази дека оваа вакцина предизвикува згрутчувања на крвта. Во „Журналот на автоимуност“, автори на студија од август 2021 година за вакцината на „Фајзер“, наведуваат дека таа не...

Вистиномер: Ковид-19 не е биолошка војна, ниту, пак, се шири вештачки

Нема никакви сериозни аргументи ниту во научната заедница, ниту, пак, кај разузнавачките агенции ширум светот дека актуелниот коронавирус од 2019 година е намерно креиран од некого за да биде искористен како биолошко оружје. Ваквите тврдења без ниту еден доказ спаѓаат во доменот на теории...

Вистиномер: Не е точно дека авиони се користат за палење на пожари

Двете фотографии  прикажани во постот немаат никаква врска меѓу себе. Едната е од 2007 година, другата е снимена цели 11 години подоцна. Освен што двете фотографии не се поврзани и што не станува збор за никаков авион за потпалување пожари, исто така нема никаква...

Вистиномер: Не е точно дека на Фејсбук е објавена реклама со која се поддржува педофилијата

Не е вистина дека ТЕД поддржува педофилија, а не е вистина ниту тврдењето дека на социјалната мрежа Фејсбук имало реклама со промовирање на педофилија. Исто така, не е точно дека Фејсбук одбил да ја отстрани таквата реклама, откако наводно таа била пријавена од страна...

Контраспин: Оправдувањето на Комората дека немало лекари за вонредни надзори е на климави нозе

Лекарската комора појаснува дека во пандемија немало лекари за да формира комисија/ии за вонредни стручни надзори, а во исто време признава дека постојат други механизми и модели, како „и правно недоуредени прашања за формирање на комисиите“, кои допрва се бараат, со што, де факто,...

Вистиномер: Не е точно дека српски политичари во „Службен весник“ биле прогласени за геј лица

Не е вистина дека во „Службениот весник“ на Република Србија се објавуваат листи на лица кои се геј. Таква практика не постои. Ваквото тврдење во постот е чиста измислица. Од јавните личности споменати во постот само премиерката Ана Брнабиќ отворено се декларира како геј,...

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...