fbpx

Проверка на факти

Вистиномер: Државата нема да инвестира 100 милиони евра за фабриката во Тетово

Постот  шири невистини дека  државата со свои 100 милиони евра ќе ја прави фабриката за електрични автомобили во Тетово. Според  тоа што беше официјално соопштено, сè уште не се знае точно колку пари ќе даде државата за инвестицијата вредна 130 милиони евра. Тоа ќе...

Вистиномер: Нема термини за специјалистички прегледи, може да почекате и до ноември за да ве прегледа интернист или офталмолог

Во недостиг на термини, последната можност за пациентите кои немаат време да чекаат по три месеци за преглед е да си платат приватно, а голем дел од нив не се во можност да го сторат тоа. Па така, се вртат телефони, се фаќаат „врски“,...

Вистиномер: Комплетни измислици за грабнување и насилно тестирање на пациент

Лице од Кичево кое беше прво лице од Македонија со симптоми на мајмунски сипаници, неколку дена по ред одбиваше да се тестира. После пет дена одбивање, на крај тој прифатил да се тестира, а тестот е негативен, односно тој нема мајмунски сипаници. Наспроти тоа...

Вистиномер: Дигитално создадена фотографија претставена како да е „моделот“ од кој е инспирирана Статуата на слободата

Фотографијата споделена во постот што го рецензираме не е инспирација за Статуата на слободата ниту е од Изабела Бојер. Станува збор за фотографија создадена по дигитален пат и претставува приказ на тоа како би изгледала Статуата на слободата кога би била вистинска личност. Сликата...

Вистиномер: Децениски стар судски спор на фирмата „Бајер“ претставен како да е нов

Во оваа објава на Фејсбук се пропушта контекстот. Станува збор за случај стар неколку децении, а компанијата „Бајер“ во меѓувреме го има сменето лекот, така што не може да се тврди дека сега се заразуваат луѓето на начин на кој тоа се случувало во...

Вистиномер: Не е точно дека вакцинираните против ковид може да се детектираат со блутут апликација

Не е можно вакцинираните лица да се пронајдат со блутут, бидејќи вакцините против ковид-19 не содржат ниту една состојка која би можела да се детектира преку блутут. Станува збор за уште една теорија на заговор чија цел е да се дискредитираат вакцините како штетни...

Вистиномер: Шефот на СЗО не признал дека е невакциниран, Тедрос примил вакцина против ковид уште во 2021 година

Изјавата на шефот на СЗО потекнува од едно интервју правено за филмот на HBO „Како да се преживее пандемијата“, но тој не кажува дека не е вакциниран, туку дека чекал да добие вакцина заедно со неразвиените, сиромашни држави на африканскиот континент. Тедрос во своите...

Вистиномер: Видео покажува траги од кондензација од авиони, а не прскање со отрови и коронавирус

Оваа објава на Фејсбук е уште една во низата теории на заговор за кемтрејлс, според кои вообичаените траги од кондензација што ги создаваат авионите во воздухот се „хемиски патеки“, составени од хемиски или биолошки агенси за „злобни цели“. Но, не постои никакво труење  и...

Вистиномер: Не е вистина дека Русија веќе ги срушила авионите што ѝ ги дониравме на Украина

Официјалните информации говорат дека четирите авиони воопшто не се пуштени во употреба од страна на Украинската војска. Тврдењето дека два од нив се веќе срушени е без никаков доказ или потврда. Иако на почетокот на овој пост е напишана фразата „објавено е“, сепак никаде...

Вистиномер: Нема докази дека германскиот министер за здравство добил нарколепсија од ковид вакцините

Видеото на кое се гледа германскиот министер за здравство, Карл Лаутербах како да заспива, не докажува дека тој развил нарколепсија поради вакцините против ковид-19. Станува збор за видео извадено од контекст. Всушност, Лаутербах ја наведнува главата за да се фокусира на прашањето и за...

Вистиномер: Шведска студија не покажала дека вакцината на „Фајзер“ ја менува човековата ДНК

Експериментот во студијата е направен врз клетки во лабораторија, односно се работи за ин витро експеримент. Ин витро експериментите се важни за давање насоки што би можело да се случи во човековиот организам ин виво. Но, за да се заклучи што се случува во...

Вистиномер: Виралното видео од мажот кој вежба на плажа не е снимено на охридскиот брег

Видеоснимката оригинално е објавена на минатиот месец на Твитер и станува збор за видео снимано на плажата Бриони на реката Сава во Сремска Митровица во Србија. Освен низ Србија и Македонија, ова видео со многу прегледи, споделувања и реакции се најде и на социјалните...

Вистиномер: Нема никаква потврда дека ковид вакцините предизвикуваат смрт и тоа „секојдневно“

Објавата, преку ширење на дезинформации, оди во прилог на антиваксерската кампања и предизвикува страв и несигурност во јавноста дека вакцините се штетни, а несаканите ефекти можат да имаат смртни последици. Бројката на смртни случаи, кои наводно се случиле по вакцинирањето, е неспоредлва со бројот...

Вистиномер: Не е лага дека мајмунските сипаници се јавна здравствена опасност

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести, до 5 август во САД се потврдени 7.510 случаи на заболени со мајмунски сипаници, а единствените две држави во САД каде што не е регистриран ниеден случај се Вајоминг и Монтана. Во сите други американски...

Вистиномер: Со стари видеа лажно се прикажува падот на италијанската влада

Видеото во постот што го рецензираме претставува компилација од повеќе материјали од стари протести за различни причини и со различни барања, меѓу кои противење на зелениот ковид пасош, протести на студенти, како и протести на сопственици на ресторани. Па, наспроти тврдењето во постот, видеото...

Вистиномер: Орбан не одбил 7 милијарди евра од ЕУ

Најголемата манипулација во оваа објава е дека унгарскиот премиер одбил над 7 милијарди евра од ЕУ, помош за справување со последиците од пандемијата. Орбан не ги одбил парите од ЕУ. Станува збор за еден вид казна од ЕУ за Унгарија, а поради непочитување на...

Вистиномер: Не е точно дека мејнстрим медиумите не известуваат за нападите на Израел врз Газа

Не е вистина дека медиумите не известуваат за нападите на Израел врз Газа. Веста се најде во светските и домашните медиуми во секцијата за исклучително важни вести односно ‘брејкинг њуз’,  фотографииите кои се споделуваат во написот се преземени од медиуми што само дополнително...

Вистиномер: Непостоечки говор на актерот Киану Ривс се споделува на Фејсбук од 2016 година

Актерот никогаш не одржал ваков говор, иако цитатот е споделуван нашироко и погрешно му се припишува нему. Наводниот говор од текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук е од пред неколку години, кога овој цитат заедно со фотографија од актерот е презентиран...

Вистиномер: Пандемијата на ковид-19 е реална и постои, не ја измислуваат медиумите

Од почетокот на појавата на ковид-19 и откако Светската здравствена организација прогласи пандемија, во голем број на објави на социјалните мрежи сензационалистички и се разбира неточно, се пишуваше дека коронавирусот е измислен и дека всушност не постои, туку станува збор за измама. Ковид не...

Вистиномер: Нема лек за рак на простата кој функционира стопроцентно

Измамнички и невистинито е да се ветува дека ќе се излекува канцер на простата во сто проценти од случаите, oсобено без да се знае какви се параметрите на конкретниот пациент. Тоа едноставно  е далеку од вистината. Третманот на канцер на простата е хируршката интервенција,...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...