fbpx

Проверка на факти

Не е вистина дека „крисламот“ е официјална светска религија

Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу...

Видео дезинформира дека поради вакцината колабирале новинари, политичари, спортисти

На видеото кое трае повеќе од 2 минути, измонтирани се сегменти од различни настани каде телевизиски презентери, новинари, медицински лица и спортисти се онесвестуваат или пак паѓаат на терените, а за сите нив се тврди дека „починале поради вакцината”. Но, дел од видео материјалите...

Контраспин: СДСМ спинува за фотографијата на која се Мицкоски и Блажески

Целото тврдење на СДСМ за Мицкоски и Томе Блажески, основачот на клубот од Охрид „Цар Борис Трети“ е еден спин базиран врз претпоставки и недокажани факти. СДСМ поаѓа од фотографија на која се гледа како во некој црковен објект на заедничко место лидерот на...

Британско-руски аналитичар го толкува говорот на Путин: Неизбежно е разбивање на хегемонијата на Западот

Константин Кисин, руско-британски комичар и политички коментатор кој пишува за голем број светски мејнстрим медиуми, на Твитер даде свое гледиште во однос на говорот на Путин, обидувајќи се да го преведе на јазик за секој да може да ги разбере дури и скриените пораки...

Дезинформација е дека има изненадување во менувачниците во земјава

Незначителното намалување или зголемувањето на вредноста на валутите за еден ден, два дена, или за една недела, не е никакво изненадување, како што невистинито се тврди во објавата на Фејсбук и во медиумскиот напис. Истиот е „јадица“ за привлекување кликови која не е соодветна,...

Контраспин: Мицкоски спинува околу цените на енергија во 2022 и во 2017 година

Мицкоски не кажува, на пример, дали и колку тогашната влада морала да ја субвенционира разликата меѓу продажната цена кон индустријата, односно загубите на ЕЛЕМ со призната цена од 2,5 денари по киловат час за производство за регулираниот пазар, не кажува колкав дел од индустријата,...

Нема педофилски симбол во логото на филмот Хокус Покус

Со години приврзаниците на Кју движењето тврдат дека богати луѓе во светот и моќни фигури во областа на бизнисот и политиката, наводно киднапираат и мачат деца за да им го земат адренохромот од телата, додека се живи, а потоа „го консумираат за да останат...

Македонските државјани не смеат да војуваат за странска армија, бидејќи тоа е кривично дело

Оваа објава што се споделува на Фејсбук ја дезинформира јавноста дека и Македонци ќе може да војуваат во Русија. Тоа во нашата држава е кривично дело, исто како и борбата за која било странска армија и се казнува со затворска казна. Учеството во странска...

Нема „мобилизација” на НАТО

Во насловот на текстот споделен во постот се содржи зборот „мобилизација” што асоцира на тоа дека во НАТО се случува она што се случува во Русија по одлуката на претседателот Путин, да се мобилизираат 300 илјади лица за да се борат во Украина. Наспроти тоа...

Идејата да се врати воениот рок е личен став на началникот на Генералштабот на АРМ, а не некаков план за во иднина

На овој пост му недостига контекст. Точно е дека началникот на Генералштабот на АРМ изјавил дека е потребно да се врати задолжителниот воен рок во Македонија, но тоа е негов личен став, а не некаков предлог или план како тоа би изгледало. Идејата за...

Контраспин: Платите се ниски, а проблемот не е до (авто) реорганизацијата на УКИМ

Огромни промени одамна се потребни севкупно во високото образование. Дури и пред времињата кога владите предводени од експремиерот Никола Груевски започнаа со експериментирањето со високото образование, кога се отвораа факултети ширум државата без услови за изведување настава и без потребен број професорски кадар. Затоа,...

Говор на Бајден изваден од контекст се шири на социјалните мрежи

Бајден не им кажува на Американците да се подготват за ураган со тоа што ќе се вакцинираат, туку зборува општо, за опасноста ураганите да го ограничат медицинскиот пристап. Во постот што го рецензираме, не се наведува поширокиот контекст за кој зборува Бајден, се премолчуваат...

Дезинформациите како оружје во војната за енергенси

Секоја војна се води на повеќе фронтови. Во однос на војната во Украина, најстрашна е онаа што се одвива на теренот каде што секојдневно се губат животи, се уништуваат цивилни објекти, а трагедијата и бесмисленоста на војната секој ден остава длабоки лузни во душата...

Видео од филмска сцена злоупотребено да се прикаже револт на работници кои не зеле плата

Не е точно дека видеото прикажува револтирани работници кои одлучиле да го демолираат автомобилот на својот газда бидејќи не им дал плата. Видеото е дел од сцена на филмот „Бистра вода“ кој се снима во Скопје. Извршниот продуцент на филмот на  Дејан Милошевски на...

Антигенските тестови не се отровни ако се користат правилно и ако не се допира реагенсот

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Не е точно дека со брзите антигенски тестови масовно се загрозува здравјето и животот на населението. Тоа што ПЦР тестот постои, е само алатка за детекција на ковид-19, а не причинител на болеста. Иако е теоретски...

Не се набавени 250 еколошки автобуси

Во продолжение ја пренесуваме проверката на „Вистиномер“ на исполнетост на изборно ветување на сегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска:   Ветување: 250 нови еколошки автобуси Заради намалување на загадувањето во главниот град, предвидуваме транзиција кон целосно еколошки јавен транспорт. Нашата цел е поефикасно извршување на јавниот...

Контраспин: Не е време за политички суети, а уште помалку за спинови кога станува збор за набавката на енергенси

Дали Мицкоски треба да појде кај Ковачевски или обратно, за да се презентира КОНЦЕПТ за набавка на поевтин гас и електрична енергија за претстојната зимска сезона, при што ќе се заштеделе околу 300 милиони евра? Оваа тема вака поставена е самата по себе спин,...

Не е точно дека во САД се трујат диви животни со експериментални орални вакцини

Не станува збор за никаква нова програма за масовна дистрибуција на орални вакцини за диви животни, како што невистинито се тврди во оваа објава на Фејсбук. Вакви орални вакцини против беснило кај дивите животни во САД се применуваат од 1990 година. Истата програма во...

Не е точно дека цените растат затоа што сме членка на НАТО

Во објавата неточно се тврди дека високите цени се резултат на тоа што нашата држава одвојува финансиски средства за плаќање на оружјето, логистиката и платениците/војниците кои војуваат против Руската Федерација. Владата досега донела три одлуки за донации на Украина и од безбедносни причини се...

Не е потврдено дека училиштата ќе се затворат во декември

Наспроти тврдењето во постот, од Владата нема никаква најава или потврда дека училиштата ќе се затворат во декември. Оттаму се децидни дека наставата мора да се одржува со физичко присуство. Исто така, премиерот не е ниту трајно работно неспособен, ниту ментално растроен, а уште...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...