fbpx

Проверка на факти

Маж и жена повредени при руското бомбардирање на Украина, наклеветени дека „глумат жртви“

Не е точно дека мажот и жената кои се прикажани на видеото во постот се „жртви глумци“. Станува збор за преживеани од руското бомбардирање на Украина. Фотографии од овие преживеани лица беа објавени на насловните страници во бројни светски медиуми, пишува „Вистиномер“ во својата...

НАСА не ги класифицира вакцинираните против ковид како нов, генетски модифициран човечки вид

Терминот „хомо борг генезис“ не може да се пронајде во ниеден јавно достапен документ на НАСА, а агенцијата ги демантира наводите од видеото во постот што го рецензираме. Сајтот на НАСА не дава ниту еден резултат кога ќе пребарате „хомо борг генезис”. Дури и...

Со старо видео се дезинформира дека Зеленски не е веќе во Киев

Наспроти изнесеното во постот дека фотографијата е снимена на 12 октомври 2022 година, таа е снимена на 16 јуни годинава и објавена на Бизнис Вајр. Компанијата на 16 јуни годинава објави дека претседателот на Украина, Зеленски, им се обратил на глобалните технолошки иноватори во...

Англискиот не е единствен официјален јазик во ЕУ

ЕУ има 24 официјални јазици, а англискиот е еден од нив. Тие се бугарски, хрватски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, латвиски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански и шведски. Правните акти и нивните резимеа се...

Објава манипулира со фотографии, тврдејќи дека се прикажани страдања на „руски деца од Донбас“

На една од фотографиите воопшто не станува збор за дете од Донбас, туку од Ирак, по име Мухамед Адман, кој настрадал од шрапнел. Друга фотографија е злоупотребувана за ширење манипулации уште во 2015 година и истите ги има дебанкирано сајтот за проверка на фактите...

Дезинформација е дека е уништена американска војска во Украина

Насловот на текстот споделен во постот е невистинит. САД нема пратено војска да се бори во Украина. Наспроти содржината на текстот во која се зборува за починат доброволец од Америка, насловот сугерира за официјално постоење на американска војска во Украина, што е манипулација. На...

Западните медиуми и американскиот Конгрес не ја величаат Вита Заверуха и таа нема титула „херој на Украина“

Невистинито се тврди дека Заверуха е величана од Си-Ен-Ен, Би-Би-Си и од американскиот Конгрес, како и дека ѝ била доделена титулата „херој на Украина“. Вистиномер и претходно дебанкираше тврдење во кое што невистинито се изнесе дека Викторија Заверуха му е внука на украинскиот претседател...

Во ЕУ извештајот нема „најмногу критика“ за ВМРО-ДПМНЕ – критиките и кон власта не се ништо помали

Во Извештајот на ЕУ за напредокот на С. Македонија во 2021/2022, година „критиките“ ако можат да се оценат како критики, зашто се опис на состојбите, најмногу се однесуваат на „непостоење консензус“ за важни законски промени што доведува до „поларизација во Собранието помеѓу политичките партии“,...

Името на брендот Пепси не е поврзано со Израел

Името на пијалокот Пепси не е кратенка од „Платете до последен цент, спасете го Израел”. Објаснувањето за оваа кратенка е урбан мит. Со купувањето на Пепси, потрошувачите не поддржуваат убивање Палестинци. Главните акционери на ПепсиКо, може да ги погледнете на следниот линк. Газираниот пијалок...

Ниту има наплив од ковид заболени, ниту, пак, тие се заразуваат од прскање со авиони

Од средината на септември досега, бројките на новозаболени во земјава се двоцифрени, односно ситуацијата е стабилна и бројките се намалуваат. Нема „наплив на нови заболувања” како што се тврди во објавата. Во вториот дел од објавата се става знак еднаквост меѓу коронавируост и прскањето...

Нема докази дека жолтите светла на небото на неколку руски градови се ласерско оружје

Како потенцијален извор на светлата некои го посочуваат природниот феномен познат како светлосна колона или светлосен столб. Ова објаснување беше дадено од рускиот медиум РБЦ, кој го цитираше Михаил Леус, специјалист во метеоролошкиот центар Фобос. Кен Карслав, професор на Институтот за климатски и атмосферски...

Не е точно дека Бајден бил егзекутиран во Гвантанамо и дека го заменува глумец

Тврдењата за наводен глумец на местото на американскиот претседател Бајден не се втемелени во реалноста и фактите, туку се производ на заговорнички приказни на „Кју Анон“ движењето за наводна контрола и доминација на светот. Претседателот на САД, Бајден има јавни настапи речиси секој ден,...

Партијата Родина неаргументирано тврди дека со прскањето со авиони САД ги контролира временските услови

Во 2016 година, првото истражување спроведено од Карнеги сајенс, Универзитетот на Калифорнија Ирвајн и непрофитната организација Ниар зиро покажа дека трагите што ги испуштаат авионите, а кои поддржувачите на теориите на заговори ги нарекуваат кемтрејлс (chemtrails) и ги сметаат за запрашување со хемиски и...

Нема докази дека прекумерната смртност е резултат на вакцинацијата

Како што за Ројтерс потврдуваат независни експерти, со доведувањето во корелација меѓу целосниот број дози вакцини администрирани во Европа и стапките на смртност за само еден месец, се пропушта да се детектираат и другите потенцијални причини за смртноста и не се даваат никакви...

Европската комисија констатира „растечки закани од дезинформации“ во Северна Македонија

Дезинформациите во македонскиот интернет простор се шират забрзано и ги има сè повеќе. Загриженост за ова прашање истакна и Европската комисија во најновиот Извештај за 2022 година за напредокот на С. Македонија во нејзиниот евроинтеграциски пат, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Лажно интерпретирана фотографија е дел од пропагандата поврзана со војната во Украина

Во објавата на Фејсбук манипулативно се тврди дека фотографијата од Украина покажува ‘жена која се враќа од пазарење‘, а со тоа се инсинуира дека ситуацијата каде што е снимена фотографијата не е страшна и опасна по живот. Всушност, станува збор за исечок од видео...

Словачки пратеници не истураат вода врз украинското знаме оти им „дошло преку глава рекламирањето на Украина“

Со споделувањето на видео материјалот јавноста се доведува во заблуда дека настанот се случил неодамна, односно по инвазијата на Русија врз Украина и дека Словачка ѝ откажува поддршка на Украина. Видеото е снимено на 8 февруари годинава, пред да почне инвазијата и тоа за...

Снимка од авион што лета над Русија претставена како да е „труење од авиони во С. Македонија”

Проверувачи на факти од Франција, уште во 2017 година пишуваат дека на истото видео кое се споделува и во постот што го рецензираме, се наоѓа авион кој зад себе остава импресивна трага, но дека не станува збор за хемиско прскање. Снимката е објавена на...

Контраспин: Тврдењето за ДКСК како адвокат на Ковачевски и заштитник на криминалот се спин

Конкретната изјава на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, на која се повикуваат од партијата не значи дека ДКСК нема да постапува никогаш, туку дека нема основа за постапување врз основа на утврдување на судир на интереси. Освен ова, самата ДКСК со своето сегашно и...

Не е вистина дека „крисламот“ е официјална светска религија

Документот кој се спомнува во објавата – Документот за човечко братство – е заедничка изјава потпишана од папата на Католичката црква и големиот имам на Ал-Азхар на 4 февруари 2019 година. Изјавата е симболичен гест наменет да ја промовира соработката и меѓусебното почитување меѓу...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...